Скок на индустриското производство во август за 8,6 отсто
Индустриското производство во август годинава во споредба со август 2007 пораснало за 8,6 отсто. Индексот на индустриското производство во август 2008 година, во однос на август 2007 година, според Заводот за статистика, изнесува 108,6, а индексот на индустриското производство во август 2008 година во однос на просечното производство во 2005 година изнесува 118,2.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари - август 2008 година, во однос на осумте месеци од минатата година, изнесувал 109,7 проценти. (Ек.Р.) |