Брoj 2797  петок, 26 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Бизнисмените од Торино ја сакаат автомобилска индустрија во Македонија

Во следните месеци десетина италијански фирми треба да дојдат во Македонија

Можностите што ги нуди Македонија во областа на автомобилската индустрија, обученоста и цената на расположливата работна сила, развиеноста на инфраструктурата, како и висината на даноците и посебните погодности што ги нудат технолошко-индустриските развојни зони, побудија најголем интерес кај италијанските фирми на вчерашната презентација за поволностите за инвестирање во Македонија што се одржа во Торино. На средбите во Асоцијацијата на производителите од автомобилската индустрија на Италија - АНФИА, договорено е во следните неколку месеци десетина италијански фирми да дојдат во Македонија за директно да се запознаат со условите што ги нуди земјава во областа на автоиндустријата.

„Со нив треба да разговараме поединечно, да им покажеме со што располагаат нашите компании за автомобилската индустрија и да видиме која од нив има амбиции да го прошири својот бизнис“, изјави вицепремиерот Зоран Ставрески на промоцијата во Стопанската комора на Торино.

Тој истакна дека презентирањето на можностите за инвестирање во Македонија е процес на постојано објаснување и убедување за она што им се нуди на потенцијалните инвеститори, но дека останува на нив да дојдат и да се уверат во тоа.

Министерот за финансии, Трајко Славески, истакна дека голем интерес на презентациите имало и за даночната сфера и можностите што ги нуди Македонија во индустриските зони. Тој потенцира дека растот на трошоците на работната сила во Романија и во Словачка за италијанските инвеститори е најголем проблем и тие побарале гаранции дека нема да се случи тоа и во Македонија. (МИА)


Статијата е прочитана 970 пати.

Испрати коментар

Од: Боби
Датум: 26.09.2008 12:14:13
Супер сето тоа, само не ми е јасно каква врска има автомобилската со прехрамбената индустрија (жените на сликата пакуваат ресани)...
Од: marika cair
Датум: 26.09.2008 16:32:25
Vladata laze za ova koj e budala vo mak da investria teska industrija?imate dogovor...potpis?????da vidime sakame ajde.....ova e isto so onaa bezcarinska zona na vlez vo skopje ce imalo fabriki ce se vrabotile 20000 ludje...mizdi da te lazam

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Македонија може да биде исклучена од Енергетската заедница
Градежниците не знаат од каде се 23 проценти раст на БДП
Трговскиот дефицит и инфлацијата најголеми ризици
Во Стопанска банка штедиш 12 месеци, добиваш камата за 13
Лани во земјава инвестирани 320 милиони долари
НЛБ Тутунска банка се докапитализира со 10,8 милиони евра
Економската состојба се влошила кај половина од семејствата
Скок на индустриското производство во август за 8,6 отсто
„Тинекс“ лани општествено најодговорна фирма
Кредит за занаетчии, нов производ на Прокредит банка