Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

Владата да каже како ќе ги троши парите од ММФ

Наместо општи фрази од типот за буџетски потреби, власта треба јасно да каже за кои проекти ќе се искористат 480 млн. евра

Соња Маџовска

За што ќе се користат 480 милиони евра, кои земјава ќе ги добие од ММФ, освен на Владата на никој друг не му е јасно. Аналитичарите, но и стопанствениците се во недоумица кога, како, колку и за што ќе се трошат парите што ќе треба некој и да ги враќа. Експертите велат дека финансиските власти дошле на нивното и бараат јавно извинување од нив, бидејќи после три години предупредувања и повици земјава да земе пари од ММФ, дури сега власта сфатила оти тие пари се најповолни. „Сега излезе дека ММФ е добар зајмувач. Владата треба јавно да ни се извини што не не' послуша навреме, нас експертите, кои постојано укажувавме дека, наместо да се задолжуваме скапо, треба да се земе кредит од ММФ“, вели професорот Ванчо Узунов. Тој смета дека министерот Ставрески треба да има доблест и да и' каже на јавноста за кои проекти конкретно ќе се трошат парите, а не да се даваат општи формулации од типот дека тие ќе се користат за буџетски потреби, каде што влегуваат и нивните плати. „Нормално е дека парите од ММФ ќе се користат за буџетски потреби, ама тука влегуваат и платите. Владата треба да не' убеди и увери дека овие пари паметно ќе се потрошат. Треба да се знае за кои проекти ќе бидат наменети, а најдобро е тоа да бидат проекти со кои тие пари ќе се вратат. Тоа е најефикасен начин. Владата очигледно не сака да каже за што ќе се трошат овие пари. Тоа е неодговорност и неотчетност. Идејата на Владата е да потроши многу пари за да осигури некакви економски перформанси пред редовните избори во 2012 година. Тоа е нејзината очигледна намера. Излегува дека им е потребна и еврообврзница, а тоа се убави пари без контрола“, вели Узунов.

И бизнис-заедницата ја услови Владата, ако парите од ММФ се искористат паметно ќе ја има нивната подршка, во спротивно нема.

„Трошењето на парите од ММФ ќе биде поддржано од бизнис-заедницата ако е во насока на инвестиции, инфраструктура и извоз, а само тогаш Владата ќе ја има нашата поддршка“, изјави вчера Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија.

Власта, пак, упорно тврди дека парите од ММФ ќе се чуваат како резерва.

„Владата треба да ги чува како резерва, да ги троши по потреба, а ако има ризик за буџетот ќе се трошат за буџетски потреби. Овие пари се само резервна варијанта за земјата. Дополнително ќе се одлучува дали воопшто, кога и по колку пари ќе се повлекуваат“. Ова се дел од објаснувањата што ги слушнавме деновиве, а во кои нема ништо конкретно, односно само општи фрази и еден вид оправдувања зошто после три години сега излезе дека парите од ММФ биле ем поволни ем евтини за зајмување.

Македонија е прва земја-членка на ММФ што го користи овој нов инструмент од Фондот. Генералниот директор на ММФ, Доминик Штраус-Кан, во писмена изјава ја поздрави одлуката на Македонија да ја побараа оваа кредитна линија за претпазливост. „Многу сум задоволен што Македонија позитивно одговори на поканата што ја упатив до економиите што имаат здрави економски основи и политики да го искористат овој нов инструмент за зголемување на меѓународната доверба. Затоа јас имам намера што поскоро да побарам од Извршниот одбор на ММФ одобрување на барањето на Македонија за кредитна линија за претпазливост“, истакна Кан.


#
Статијата е прочитана 459 пати.

Испрати коментар

Од: Професорка
Датум: 10.12.2010 14:20:42
Владата ќе каже и ќе излаже. Се знае дека под закана од предвремени избори, до кои мора да дојде, парите ќе си ги спукаат за себерекламирање и еднократни популизми од типот ќе те возам без пари во петок, а парите нема да ми ги броиш.
Од: jovan
Датум: 10.12.2010 14:23:45
Toa se veke potroseni pari.
Од: Johnny
Датум: 10.12.2010 20:23:23
Ma kakva rezerva.Vladata kako sto i mnogupati dosega lazese za se i sesto i sega laze deka parite ke gi drzi vo rezerva.Toa ke se rasprcka za mesec dva i toa da se dovrsat gradbite i spomenicite vo Skopje,ke se zgolemat platite na administraciajata za 30%,ke se veti na zemjodelcite i ke im plati se i sesto.normalno golem del od kolacot ke si zeme i Mugabe i fa,ilijata preku namesteni tenderi,plakanje reklami na televiziite na svoite koalicioni partneri vo iznosi od milioni evra,ke se zadrzi nekoj del za potkup na izbori i izbornata kampanja i vlasta na pocetokot na letoto posle takvo razvojno trosenje na parite ke zakaze predvremeni izbori.Znaci bidete uvereni deka vlasta kreditot ke si potrosi samo zaradi zadrzuvanje na vlast nikako za rezerva.Koga parite se vo prasanje nemaat milost brakata.

Најди! во Утрински
Економија
Кога спајверите ја нарушуваат приватноста
Новинарите прочистени пак одат на избори
Кризата - метла за неспособните фирми
Растат лошите кредити, се топат профитите на банките
Ново признание за чаевите на „Алкалоид“
Црвен картон за буџетот
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud