Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

Кризата - метла за неспособните фирми

Маја Томиќ

Кризата е едно добро чистилиште за некои компании што не успеваат да се приспособат и да ги надминат тешкотиите. Вака размислува претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, кој по вчерашната седница на Управниот одбор истакна дека, според бизнисмените, оваа година македонското стопанство добро работело и даночната дисциплина била многу подобрена. Потврда за тоа е што од 1 јануари 2011 година ќе има 30 нови компании, односно даночни обврзници, од кои 90 отсто се од производството.

„Станува збор за група големи даночни обврзници што во услови на значителна економска криза е податок за истакнување“, додаде Азески.

Директорот на Управата за јавни приходи, Горан Трајковски, пак, посочи дека не е зголемен бројот на фирмите со блокирани сметки од страна на УЈП.

„Нема никакви спектакуларни бројки, напротив, бројот на блокадите што ги врши УЈП е драстично опаднат. Можеби во банките е поинаква ситуацијата“, рече Трајковски, додавајќи дека со намалувањето на казните од страна на Управата е направен добар потег, затоа што се постигнале позитивни ефекти и се зголемила даночната дисциплина кај компаниите.

За потсетување, според податоците од Народна банка, само во текот на ноември биле блокирани околу 3.500 жиро-сметки, со што вкупниот број надминал 87.000. Најчести причини за блокади на сметките на фирмите и на граѓаните биле неплатените рати за кредити, неплатени даноци, придонеси, како и долгови кон приватни компании. Експертите оценија дека тоа е резултат на намалената ликвидност на стопанството.

Инаку, на вчерашната седница на УО на Комората, бизнисмените разговарале за две значајни иницијативи што треба да се спроведат наредната година во соработка со УЈП. Tоа е регулирањето на прашањето на пребивањето на даночните обврски со царинските. Втората работа што претстои за в година е да се спроведе модел на наплата на ДДВ што ќе ги елиминира досегашните проблеми при повратот на овој данок.

„И третата важна работа е донесувањето на законот за даночни советници, со кој ќе се досредат состојбите во даночната сфера“, изјави Азески.


#
Статијата е прочитана 744 пати.

Испрати коментар

Од: normalen
Датум: 10.12.2010 13:00:50
Da,Da, Lesno mu e nemu, nafatiran ko brod so generacii, da pocnel od nula da go vidime vakvi izjavi da dava
Од: jovan
Датум: 10.12.2010 15:03:40
Dobro kazal Azevski, deka krizava(t.e sekoja kriza) e metla za nesposobnite,no zaborava deka ovde metlata mete selektivno,ili vo kraen slucaj nekoj koj treba da bide"smeten"e odbegnat.Ova pogotovo se odnesuva na bankarskiot sistem,kade sto i te kako e potrebna metla,no.....bankite se stitat poveke i od beli mecki,pa od strav da ne se doznae deka imame banki koj se daleku od poimot banka a i se de fakto bankrotirani,im se davaat drzavni pari na cuvanje,pa uste na svoj pari drzavata i kamata im plaka za zapisi,obvrznici.No veke i drzavata e pred bankrot pa metlata doprva ki zaigra izgleda,i toa sekade.Vo sekoj slucaj se slozuvam so edno,deka sposobnite ke opstanat,a nesposobnite ke mora da si"odat",bidejki veke rabotata e dojdena do tamu da nikoj nikogo veke nemoze niz prsti da mu gleda.Preseriozna e rabotava za da spasuvame i sozaluvame nekoj koj DOKAZANO ne e sposoben.

Најди! во Утрински
Економија
Кога спајверите ја нарушуваат приватноста
Новинарите прочистени пак одат на избори
Владата да каже како ќе ги троши парите од ММФ
Растат лошите кредити, се топат профитите на банките
Ново признание за чаевите на „Алкалоид“
Црвен картон за буџетот
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud