|
|
|
|
|
|
Растат лошите кредити, се топат профитите на банките
Нефункционалните кредити зафаќаат 10,6 отсто од вкупното кредитно портфолио, а банкарските профити се стопиле за речиси 30 проценти во споредба со лани, објави вчера Народна банка на Македонија по седницата на Советот.
„И натаму пораст бележи показателот за учеството на нефункционалните кредити во вкупните кредити, и на крај од септември изнесуваа 10,6 отсто, за разлика од 10,1 отсто на крајот од јуни. Стагнирањето на влошувањето кај дел од показателите е карактеристично за изложеноста на кредитниот ризик спрема секторот претпријатија и други клиенти, додека кај секторот физички лица продолжува влошувањето на показателите за квалитетот на кредитното портфолио“, се наведува во соопштението од НБМ. Според него, вкупната добивка што банкарскиот систем ја остварил во првите девет месеци од годинава изнесува 948 милиони денари и е пониска за 29,7 проценти во однос на истиот период лани. Сепак, Советот на НБМ констатирал дека ликвидноста на банкарскиот сектор во земјава е стабилна, а стапката на адекватност на капиталот на банкарскиот систем изнесува 16,4 проценти, односно два пати повеќе од законски пропишаниот минимум од осум проценти. (С.М.) |
#
|
Статијата е прочитана 713 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: jovan |
Датум: 10.12.2010 14:45:40 |
|
I ova ne bese nisto neocekuvano.I dosega bankite "profitiraa"od parite sto im gi davase Grujo i drzavata, za zapisi,obrznici...Sega i drzavata veke e pred bankrot i ne moze da plaka nenormalni kamati,a stopanstvoto vo meguvreme go zapostavija i skoro unistija.Sega ostanuva da se sredi bankarskiot sistem,da se vidi koj e koj, koj kolku go biva,i da se ocistat od pazarot nekolku banki koj opstojuvaat isklucivo od protekcii i drzavni pari(depoziti).Potoa se ke si dojde povtorno vo normala.Koj e bankar,treba da sorabotuva so biznismenite,a ne da ceka kamati od drzavata,a drzavata se uste stiti banki od bankrot so toa sto im gleda niz prsti za rabotenjeto(koe e daleku od profesionalno)a i cuva drzavni pari vo takvi banki za da vestacki opstojat,inaku ke bankrotiraat preku nok.Nasiot bankarski sistem e veke daleku od "stabilen"i narodot treba da si vnimava so kogo"gubi vreme"a moze da se sluci i pari da izgubi. |
|
|
|
|
|
|
|
|