Број 3453  петок, 10 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter
Економија

Црвен картон за буџетот

Црвен картон од опозицијата доби министерот за финансии, Зоран Ставрески, за буџетот за наредната година. Собранието вчера ја почна расправата за предлог-буџетот за 2011 година, за кој опозицијата рече дека не нуди ништо ново, туку е копи-пејст на буџетите од претходните години.

Марјанчо Николов од СДСМ го повика министерот Ставрески да наброи барем еден нов проект, кој ќе биде реализиран в година. „Вашиот буџет, иако сакате да го презентирате како инвестициски, развоен, насочен е само кон расипничко трошење на парите на граѓаните“, порача Николов. Тој смета дека буџетот е антиекономски и антидржавен и е потврда на безидејноста на Владата, а на граѓаните нема да им донесе повисок животен стандард, вработувања и развој. „Живеете на кредит и секое ваше задолжување го прикажувате како успех, а народот умира на рати“, истакна Николов. Реплицирајќи му на пратеникот Николов, Ставрески како нови капитални проекти за наредната година ги посочи реконструкцијата на железничката пруга од Коридорот 10 и изградбата на водоводот во Липково. Со предлог-буџетот за 2011 година расходите се проектирани на 159 милијарди 398 милиони денари, а приходите на 147 милијарди 814 милиони денари. Дефицитот е планиран на 2,5 проценти од БДП, односно 11 милијарди 584 милиони денари. А за наредната година е планирано растот на БДП да достигне 3,5 проценти. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 462 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Кога спајверите ја нарушуваат приватноста
Новинарите прочистени пак одат на избори
Владата да каже како ќе ги троши парите од ММФ
Кризата - метла за неспособните фирми
Растат лошите кредити, се топат профитите на банките
Ново признание за чаевите на „Алкалоид“
 

Bulgaria angry at France blocking Schengen entry
Bulgaria may apply for euro entry mechanism in 2011, says finance minister
EU applauds Kosovo elections despite reports of serious fraud