КИМ КЕРДАШИЈАН
Бившиот сопруг и' се заканувал со смрт
Малкумина знаат дека бујната старлета Ким Кердашијан била венчана, а уште помалку дека првиот сопруг психички и физички ја злоупотребувал. Имено, магазинот „Стар“ објави приказна која беше прикриена од непознати причини.
Ким тајно се венчала во 2000 година за музичкиот продуцент Дејмон Томас. Само четири години потоа, 24-годишната Ким побарала развод, а како причина го навела злоупотребувањето. Во документите од разводот, Ким опишала неколку различни ситуации што ги доживеала од бившиот сопруг, а тие не се воопшто пријатни. Имено, убавата Ким морала да бара дозвола од сопругот кога и' да посакала да ја напушти куќата, знаела и во 4 часот наутро да му готви вечера откако ќе се врател мртов пијан, а многупати и' давал и пари за естетски операции и липосукција, се' со цел да биде совршена за него.
Исто така, многупати била претепувана, се заканувал со нејзина смрт и на членовите од нејзиното семејство, а во една прилика дошол во компанијата каде што работи Роберт Кердашијан, таткото на Ким, и му покажувал голи фотографии на една од нејзините сестри, нарекувајќи ги неговите ќерки - проститутки и тврдејќи дека има докази што ќе ги објави и ќе го оцрни нивното име.
„Требаше да одиме на подводно нуркање со Џастин Тимберлејк, но само неколку минути пред да тргнеме, Дејмон ме удри со раката во лицето и ми ја раскрвави усната. Паднав и го удрив коленото од креветот. Целата бев со модринки“, призна Ким, која неодамна ја прекина долгогодишната врска со Реџи Буш и сега е повторно сама. |