ХЕДЕР ЛОКЛИР
Побегнала откако турнала сообраќаен знак
Ѕвездата на популарната серија „Мелроуз плејс“ Хедер Локлир повторно е уапсена поради своето дивјачко возење. Имено, 48-годишната актерка завчера утрото со своето црно БМВ удрила во еден знак за забрането паркирање и побегнала од местото на настанот. Полицијата ја информирале соседите од калифорниската област Вестлејк, кои во раните утрински часови се разбудиле од бучавата.
Без многу проблеми полицијата дознала кој е сопственикот на црното БМВ, а на актерката не и' било од корист фактот што целата приказна се случила релативно близу до нејзиниот дом. „Немаме цврсти докази дека Хедер била под дејство на алкохол. Не се знае ни дали некој бил со неа во возилото за време на несреќата“, изјавил претставникот на шерифот, Рос Бонфиџлио. Адвокатот на актерката негираше дека Хедер е приведена и се' уште не е разјаснето кој управувал со нејзиното возило.
Пред две години, Локлир имаше проблеми со полицијата откако беше фатена во Лос Анџелес под сомнение дека возела под дејство на таблети. И тогаш беше запрена наутро, во 4,30 часот, поради веста дека лудува наоколу со автомобилот, минувајќи со гумите од возилото преку очила за сонце, не застанувајќи на рампите од трговскиот комплекс во Санта Барбара. |