БРУК ШИЛДС
Автобиографија како контраудар за Андре Агаси
Освен што призна дека непосредно пред освојувањето на Роланд Гарос во 1998 година уживаше во метамфетамин, попознат и како „спид“, исто така, и дека во истиот период ги лажеше и тениските институции за своите зависности и навики, Андре Агаси во својата автобиографија откри сочни детали од бившиот брак со глумицата Брук Шилдс.
Иако неговата книга „Опен: автобиографија“ излезе пред половина година, бившата сопруга на тенисерот токму сега го изрази својот гнев поради неговите изјави во книгата. Огорчена од измислиците за нивниот брак, Брук реши да напише своја автобиографија и да ја објави нејзината страна од приказната, односно - вистината.
„Не разбирам зошто воопшто ја напишал таа книга. Се надевам дека ја доби реакцијата што ја очекуваше“, рече актерката, која тврди дека за времето додека Агаси ја правел автобиографијата, морала да седи покрај него и да чита се' што пишува. „Зошто го читав сето тоа кога воопшто не променил од она што му го реков? Не му дадов свое одобрение, бидејќи ништо не е точно во неговите текстови“, тврди разочараната Брук. |