Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Забава

РОНИ ВУД

Го учев Слеш да свири гитара

Рони Вуд, гитаристот на „Ролинг стоунс“, изјави дека на Слеш, некогашниот член на групата „Ганс ен роузис“, му давал совети за свирење гитара. Во разговорот за радиостаницата Абсолут класик рок, Вуд го пофали помладиот колега и раскажа како му објаснил некои детали во врска со свирењето.

„Слеш? Се сеќавам кога беше дете и ме шпионираше додека свирев. Го научив неколку трикови, а сега јас учам од него. Одличен е во тоа. Прекрасен човек, добар соработник и извонреден музичар кој везе со гитарата. Слеш е многу талентиран и секогаш сум среќен кога свириме заедно. Ќе се појави и на мојот најнов албум“, рече 62-годишниот британски музичар.

Вистинското име на 44-годишниот Слеш е Сол Хадсон, беше главен гитарист на „Ганс ен роузис“ од 1985 до 1996 година, а оттогаш наваму свиреше во бендови како „Слеш’с снејкпит“ и „Велвет револвер“. Од неодамна во продажба е неговиот прв соло-албум, на кој гостуваат многу легендарни рокери.


#
Статијата е прочитана 612 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Побегнала откако турнала сообраќаен знак
Бившиот сопруг и' се заканувал со смрт
Автобиографија како контраудар за Андре Агаси
Почнува „Бебе саем“
Заедничкото работење е афродизијак
Пош Спајс и Лонгорија рекламираат мобилни