Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Забава

Заедничкото работење е афродизијак

Романсите на работно место се возбудливи, бидејќи вообичаено почнуваат во тајност, вели д-р Тери Орбах од Универзитетот во Мичиген

Во последно време одите полетно на работа. Дури ни метежот во сообраќајот не ви пречи повеќе. Се радувате на секој нов ден на работа зашто сте фрлиле око на некој од своите колеги. Работата оди глатко. Потајни погледи, флерт и заеднички паузи. Делите тајна која никој во канцеларијата не ја знае. Следува покана за состанок. Да прифатите или не? Да ја скриете или да ја признаете врската? Кои се предностите, а кои недостатоците на романса со колега? Како да се однесувате пред соработниците? Што ако сте се вљубиле во претпоставен? Одговорите ги имаат стручњаците што се занимаваат токму со овие прашања.

Заинтересирани сте да излезете со некој од вашите колеги. Не можете да престанете да мислите дека доколку сте се запознале со таа личност надвор од работното место, можеби немало толку да ве привлекува. Зошто е тоа така?

Бидејќи заедничкото работење само по себе може да биде еден вид афродизијак. Во феноменот познат како „ефект на блискост“, луѓето што континуирано се гледаат, се склони повеќе меѓусебно да си се допаѓаат, вели Тери Л. Орбах, психолог, терапевт за врски и професор-истражувач на Институтот за социјални истражувања при Универзитетот во Мичиген.

Романсите на работно место се возбудливи, бидејќи тие вообичаено почнуваат во тајност, вели д-р Орбах. „Таинственоста, всушност, носи возбуда, затоа е важно да се биде сигурен дека ве привлекува личноста, а не само таинственоста“, додава таа.

Навистина мислите дека таа би можела да е вистинската личност, но не сте сигурни дали излегувањето со колега од работа е дозволено во вашата компанија. Доколку е дозволено, како да се постапи?

Во последните неколку децении, компаниите стануваат пофлексибилни за романсите на работно место, вели Мар Б. Левин, партнерка што специјализира на законот за труд и вработување во Херик, Фејнштајн, на Менхетен. Луѓето поминуваат толку многу време во канцеларија што романсите со колега се речиси неизбежни, а според политиките на компаниите, тие ретко се забранети, истакнува таа. „Мислам дека она што ги мотивира работодавците, донекаде е дека тие имаат талентирани луѓе на високо ниво, кои влегуваат во врска или се венчаваат, а не сакаат да ги присилуваат да заминат. Навистина не е корисно за компаниите да наметнуваат такви политики“, вели таа.

Не треба да се заборави дека без оглед што се случува во врската и натаму ќе треба да се гледате со таа личност на работното место, па затоа подобро е да отидете на кафе или на ручек, отколку да закажете излегување. На тој начин, ако решите дека не сте заинтересирани - или, пак, е јасно дека другата личност не е заинтересирана - може да се избегне каква било непријатност, смета Мелоди Р. Шејфер, извршен директор на канцеларијата за применета професионална психологија од Чикашката школа за професионална психологија, при универзитетот во Лос Анџелес.

Ако решите да имате врска, проверете во прирачникот за вработени за да бидете сигурни дека не е забрането, додава Левин. Некои компании можат да побараат од вработените да потпишат „љубовен договор“, каде што секоја страна признава дека врската е консензуална и се согласува да се придржува до политиките за вознемирување и дискриминација. Меѓутоа, таа ги советува компаниите дека такви договори не се потребни, бидејќи важат само додека трае врската, не по разидувањето.

Што ако сте заинтересирани да излезете со некого што работи за вас?

Дури и ако нема политика против тоа, претпоставен и подреден никогаш не треба да излегуваат, вели Левин. Како раководител, треба да ги оцените резултатите од работата на таа личност, да обезбедите повратна реакција и да донесете одлуки за унапредувања, а тоа тешко може да се направи објективно.

Покрај тоа, други вработени можат да помислат дека личноста со која сте во врска добива привилегиран однос. И ако врската се растури, а вие негативно дејствувате кон вашата поранешна сакана личност - на пример, слабо оценување на резултатите - тој или таа би можеле да тврдат дека станува збор за дискриминација, додава Левин.

Со какви предизвици би можеле да се соочите ако имате романтична врска на работа?

Големо прашање е како да се одвојат вашата лична врска и вашиот професионален однос. Изразите на љубов или расправиите во канцеларија им создаваат непријатност на колегите - и се непрофесионални. Затоа двајцата мора да сте свесни како вашето однесување влијае на другите.

Додека сте во првиот романтичен занес - се чувствувате восхитено, попустливо и занесено - последното нешто за кое би сакале да размислувате е разидување. Сепак, треба да поставите основни правила за респектен и професионален однос меѓу себе ако ги раздвоите патиштата, смета д-р Орбах.

Ако се разделите - дури и ако сега тешко може да се замисли тоа - како ќе можете комотно да соработувате со таа личност подоцна?

Разговарајте како да продолжите напред како пријатели и колеги кога веќе не излегувате заедно. „Објаснете дека не сакате крајот на врската да има негативен ефект врз кариерите на кој било од вас“, вели Шејфер. Никогаш не ја озборувајте или не зборувајте лошо за вашата поранешна љубов пред колегите. Тоа само лошо ќе се одрази на вас и ќе ја отежне заедничката соработка, додава таа.

Од друга страна, ако решите да се венчате или да живеете заедно, како треба да постапите професионално?

Информирајте ги вашите раководители што е можно поскоро, смета Левин. Во одредени ситуации, раководството може да почувствува дека вашиот брак негативно ќе влијае врз работните резултати или врз работната средина - и може да побара еден од вас да замине од компанијата. Таквите примери, сепак, се ретки.

„Повеќето вработени се вработени ’по волја’, што значи дека можат да бидат отпуштени од каква било причина се' додека не се прекршува законот“, вели таа. „Имав ситуација во која раководителот реши дека нема да биде продуктивно двајца вработени да бидат венчани и да работат заедно“. Во огромен број случаи, сепак, можните последици се најдобри желби и шише шампањ“. (Њујорк тајмс)


#
Статијата е прочитана 665 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Забава
Побегнала откако турнала сообраќаен знак
Бившиот сопруг и' се заканувал со смрт
Го учев Слеш да свири гитара
Автобиографија како контраудар за Андре Агаси
Почнува „Бебе саем“
Пош Спајс и Лонгорија рекламираат мобилни