Почнува „Бебе саем“
Почнувајќи од денеска па до 25 април на Скопски саем ќе се одржи второто издание на „Бебе саем“, едукативно-забавна манифестација посветена на трудниците, бебињата, родителите и децата. „Цел на саемот е подигнување на нивото на едукација и информираност на родителите, стручни совети, едукативни предавања, како и содржини за најмладите: игротеки, театарски претстави, игри, настап на детски групи, музика, забава и многу други интересни активности“, објаснуваат од организацискиот тим на „Бебе саем“. Оттаму информираат дека првото издание на „Бебе саем“ го посетиле околу 7.000 посетители, а оваа година се очекува поголема бројка на посетеност.
Саемот ќе биде отворен од 10 до 20 часот. |