Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Поглед

Мизеријата на Борисов

Тамара Грнчароска

Македонија е повторно на тапет на бугарската влада, овој пат на премиерот Бојко Борисов. Згаснувањето на 15. човечки животи во Охридското Езеро, во несреќа каква не се памети во земјава, а кои по иронија на судбината беа сите бугарски државјани, за бугарскиот премиер не беше ништо друго туку „безобразие на Македонците“!? Борисов, како огорчена домаќинка, која ревносно се јавува во утрински емисии на телевизиите, телефонски, во живо, во утринската програма на телевизијата БТВ, вината за несреќата им ја препиша на „Македонците“. „Во мизеријата во која сакаат да прават бизнис, вината е целосно кај Македонците... Сега да бараме вина во нашите туристички агенции е погрешно. Во случајот, целиот безобразлак е кај Македонците“, рече Борисов. Ако на тоа се додаде и неговото несоодветно идентификување на несреќата во Охрид со случајот на гевгеличанката Спаска Митрова, како срам за Македонија, станува јасно дека Борисов нема ништо да ни „прости“.

Да ја немаше Борисов премиерската функција, изјавите можеби ќе поминеа како гаф и негов обид за собирање политички поени преку подгревање на негативните чувства кај Бугарите спрема Македонците, но како изјави на премиер тие имаат поинаква тежина.

И додека новиот бугарски премиер се устоличува на домашната политичка сцена како „уште еден“ антимакедонски настроен политичар, од македонска страна никој не побара, барем, објаснување на изјавите на Борисов. Македонските власти, вообичаено, остануваат неми на нападите од Бугарија. Дали некој од нив помисли како ја примија изјавата на Борисов Македонците кои ризикувајќи ги своите животи скокаа во езерото за да спасат колку што е можно повеќе од настраданите? Дали помислија на Македонците на кои човечките животи и судбини им се пред политиката
.


#
Статијата е прочитана 3378 пати.

Испрати коментар

Од: realist
Датум: 10.09.2009 00:07:26
Bravo Bojko!
Од: Миливој Митровиќ
Датум: 10.09.2009 00:21:52
Згаснувањето на 15. човечки животи во Охридското Езеро не е последица на „мизеријата на Борисов“, туку е последица на мизеријата на државата Македонија и нејзината мизерна Влада како и мизерното новинарство кое само создава мизерни антибугарски статии. Борисов е прав и не знам која е неговата „мизерија“. Луѓето загинаа заради мизерниот брод, кој добил дозвола од мизерната капетанија која е под надлежност на мизерната влада. Престанете со антибугарската пропаганда, не сте интересни!
Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 10.09.2009 00:42:06
G-go Grncharoska dali stvarno ochekuvate simpatii od bugarite, posle skoro eden vek antibugarska propaganda vo MK. Bugarite se tatari, okupatori, ubijci i pokraj toa shto srpskite dzhandari i komunistite izvrshija pogolemi zlodela. Zakonot akcija i reakcija ne vazhi samo vo fizikata, zatoa da se obideme so pozitivna energija prema "tatarite", ne e vo nasha korist so site komshii da se mrazeme.
Од: Македонец од Бугарија
Датум: 10.09.2009 00:44:30
Тенденциозна госпоѓо, кога еден Бугарин во владата рече "Македонците" во Бугария се разбира Македонската држава, структурите, владата, организацията, а не баба Петкана од Охрид. Очигледно, не ти се јасни финесите на Бугарскиот јазик но пред да тресете зелени, барем запрашајте некој кој има уво за ниансите во Бугарскиот. Доказ? Па ти самата се бламираш со реченицата што ќе кажал Борисов за македонците кои помагаа во несреќата. Па тој кажа, ако немаш слушнато: "Бугарија на овие луѓе ке раздаде највисоки ордени за посебни заслуги и хероизам." Тоа нешто си го попуштила во памфлетот. Утрински, обявете...
Од: Револт
Датум: 10.09.2009 00:44:33
Драга Тамара, како може македонските власти да не останат вообичаено неми на нападите од Бугарија, кога веќе и децата во градинка знаат, дека нашата(?) власт е "до коска" - пробугарска! Факти, докази? Ма ајде, народе македонски, зарем слеп си!
Од: M.I.
Датум: 10.09.2009 01:15:42
Ako bugarinot Borisov,vo afekt,od taga i maka,dadeše izjava,čovečki,jas kako edinka ke mu prostev,hristijanski e,i pored toa što sum nevernik.Kako premier,duri i na Bugarija,koja ima genetska deformacija,istoriski dokažano,da e sekogaš na stranata na momentno posilniot,so svoite izjavi od pozicija na institucija,dolžni se našite birani pretstavnici da mu odgovorat,vo naše ime,pa nie gi biravme,neli,da ne zaštitat,od navredite na eden evropski političar.Ili ne sakaat da si gi poremetat odnosite so bratskata ili sestrinskata Bugarija.Za da ne poddrži za vleguvanje vo Evropa i Nato.Jas se soglasuvam da me poddržat.A i site onie so bugarski pasoši.A umrenite,ne gi vrakame,neka počivaat vo mir.Lugjeto što pomagaa,pomagaa zatoa što se lugje.i ne pomagaa zatoa što se davea bugari.Pomagaa na lugje koi mislam toa nikogaš nema da go zaboravat.
Од: Конзервативен СДСМ
Датум: 10.09.2009 01:39:12
Ова не е мизерија на Борисов, а мизерија на СДСМ која е неспособна да биде достојна опозиција на сериозните проблеми на владата како: економска криза и невработеност, корумпирано судство, строг полициски апарат, нарушување на човекови права, криза на идентитет, антиквизација-деславјанизација, говор на омраза против нашите соседи, комплетно напуштање на евро-атлантскиот пат. Антимакедонец е секој кој не ги решава овие мошне критични проблеми, а се обидува да спечали рејтинг кој ќе трае барем ден-два. Е, вака, драги мои, не се оди во ЕУ и НАТО.
Од: navredite doprea do sekoj Makedonec samo ne doprea do "nasata" Vlada - a ZASTO????
Датум: 10.09.2009 04:31:32
Voopsto ne ocekuvav ovaa Vlada da se sprotistavi na izjavite na bugarskiot Premier Borisov. Zosto bi mu se sprotistavila koga i samata "nasa" Vlada e bugarofilska pa seto toa im odgovara. Ako ne e taka ako ne sum vo pravo togas sekoja normalna Vlada bi reagirala na takvi navredi upateni na svojata drzava i svojot narod od eden Premier na stranska Drzava. A stom ne reagira znaci se slozuvaat so nego vo negovite izjavi. Aj da vidime Gruevski neka upati nekolku takvi zbora do nekoja Drzava pa ke vidime kakov napad ke upati taa Drzava sprema nas. I dodeka sekoja normalna Vlada si ja brani svojata Drzava i svojot narod "nasava" Vlada na celo so Gruevski ocigledno likuva i i godi koga nekoj ne navreduva. A toa da go izjavese nekoj od Grckata Vlada Karamanlis ili Bakojani eeh tek togas ke videvte kakov "udar" ke priredese "nasava patriotska" Vlada!!! Grujo ke se pretvorese vo "golem patriot i uste pogolem Makedonec" pa ke udrese po Grcite demek vo "odbrana" na svojot narod i svojata Drzava.
Од: mkd
Датум: 10.09.2009 05:05:43
Nema dilemi kolku i da sakame da ja ublazime bolkata fakt e deka kaubostinata i neodgovornosta na lakom neranimajkovci ni se vrati kako bumerang, sega vinata ke barame vo samarot a MAGARETO ke go ostavime.
Од: Cepenkov
Датум: 10.09.2009 05:17:35
Почитувана авторке на написот, Јас би Ве запрашал: Чија би била одговорноста доколку погинеа македонски граѓани во оваа катастрофа? Од Бојко Борисов, или од Божидар Димитров или од бугарските тур оператори ? Сепак одговорноста е наша - македонска и тука на таа тема треба да коментирате. Другите не ни се криви за нашата негрижа и не функционирање на државата.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 10.09.2009 07:08:14
Негледам повод за критика за одмолчувањето на нашата влада визави дегутантните изјави на Борисов.Ако влезевме во некаков блесав диалог тогаш ќе се нарушеше тој основен човечки пијетет кон загинатите.А во врска со Борисов не вреди човек да коментира,господинот во својата преголема желба да се етаблира како политичар кој се грижи за својот народ би му било подобро да работи на остранување на проблемите посочени од ЕУ првенствено организираниот криминал во својата земја.
Од: Ивајло
Датум: 10.09.2009 07:25:28
Зар некој ги смета за луѓе Борисов и оној што е црн како телефон (Б.Димитров)? Си ја покажаа својата мизерија и длабока потонатост во XIX век. Но тука медицината неможе ништо.
Од: LOLO
Датум: 10.09.2009 07:57:23
Nesrekni slucaji se slucuvaat sekoj den vo svetot,fakt e deka vo RM e prv vakov slucaj.Banalno e posle nesreken slucaj da si dava ostavka ministerot za transport. Lani se sluci zeleznicka nesreka vo Avstrija na nivnite Alpi,i so trebase,pola vlada da padne??? Bugarinot Bojko samo ja koristi prilikata da ja napadni Makedonija i Makedoncite,a i nema da se zapri tuka.Toj ke ja koristi sekoja prilika za napad,a nie negovite napadi treba da gi docekame na noz i zestoko da mu replicirame.
Од: Mina
Датум: 10.09.2009 08:05:32
Ne e ubavo sto eden premier upotrebuva takov recnik no fakt e deka vinata e kaj nas,i navistina namesto da se svestime za dobroto na nasite deca i za nas samite nie sega ke gi kritikuvame bugarskite turisticki agencii.Pa dajte ednas da svatime deka licnite interesi i zarabotkata kaj nas vo Makedonija i vo afrikanskite zemji se klucen faktor.Kako ne im e sram i grev da pikaat po 100 dusi na brodcinjata,a toa bese i so drugite dva broda i da zarabotuvaat pari koj si gi stavaat vo svoj djep.Zatvor za zagrozuvanje na covecki zivoti i korumpiranost.Istiot slucaj e nasekade vo Makedonija so se.Eve na primer diskotekite kade sto odat nasite mladi.Dali nekoj znae kolku smee da se pusta vnatre a kolku realno ima vnatre.Ne daj boze da se zapali nekoj objekt kolku deca ke ni otidat?Dajte pocnete da go pocituvate zakonot i povisoki kazni za tie sto se igraat so nasite zivoti i so zivotitete na nasite deca.
Од: Marko
Датум: 10.09.2009 08:12:49
Dragi Bojkoborisovci, navistina me iznenadi vasata brojnost, moram da priznaam. Samo malku ste ja utnale temata; nikoj ne go obvinuva vasiot idol za nesrekata, tuku za krajno nesmasnite, nediplomatski i nedrzavnicki izjavi i sosema nepotrebno politiziranje na edna (ili 15) covecki tragedii. Makedonskiot del od vinata e jasen i poznat, no eve izleguva na videlina deka ni bugarskiot ne e mnogu pomal, iako toa sega voopsto ne e vazno. Pa samiot fakt deka covek so takvo CV e premier na zemja clenka na EU, dovolno zboruva za niv.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 10.09.2009 08:16:21
Останува Фактот дека за жртвите во Охридското Езеро вината лежи во (не)организираноста, Хаосот, Анархијата во Македонија. Најголемата вина е во Алчниот сопственик кому, по сè изгледа, му е вратено нешто што Не му припаѓало. Но не се подобри ни Б`лгарските Пампурчиња што пловат по Черно Море! Ниту кај нив нема да добиете појас за спасување, бидејќи го немаат! Она што загрижува е Долгогодишната АнтиМакедонска Пропаганда по медиумите во Бугарија, водена од Пријателчињата на загрижените ни Б`лгарофилски коментатори и б`лгарската најпатриотска Домашна партија, кои (очигледно е) се во офанзива.
Од: Македонец европеец, а не провинцијалец
Датум: 10.09.2009 08:25:37
Новинарке, зошто не се осврнете малку во сопствениот двор. Целата македонска корумpирана новинарска афела се занимава со бугарската агенција, регистрирана нерегистрирана. А бротче, (што го викате брод, одете во Јадран и во Солун видете што е брод) старо речиси 100 години плови ли плови, а во Македонија не можете да увезете кола постара од 6 години зошто сите влади си го полнат буџетот од најголемите царини во регионот, па имаме најскапи коли во целото соседство. Па она детето од градинката Јанакиевски ја користи 15 мртвви да демонстрира некаква моралност, знаете ли дека во светот оставките од морална причина не се разгледуваат туку се прифаќаат веднаш. Ајде ве молам, да си го исчистиме сопствениот двор еднаш засекогаш, со векови ни се криви бугарите, србите, албанците и грците. а ние сме најдобри од сите, лидери во регинот, срамота, какви препотентности. Пишете еднаш за тие наши македонски провинциски комплекси.
Од: pirin
Датум: 10.09.2009 08:30:41
natpisot na novinarksta e sosema vo red, i ne bi sakal da go komentiram. No dali nekoj od citatelite se sekava za bugarskata mizerija koga ligeto se vrakaa od odmor goli bez garderoba, pari i koli, koga bea presretnuvani na sred pat, vrzuvani za drva i samo gospod gi spasuvase. A za segasnata mizerija na makedoncite vo Bugarija, da gi nemas osnovnite covekovi prava. A za mizerijata na fasistickata bugarska okupacija, itn, itn. A zamislete nikoj ne go spomna zborot mizerija. A be luge ako ste Makedonci i si ja sakate Makedonija kakva sto e zaedno i so Branko, Lupco, Grujo, Gorgi kakvi i da se (a dobro si gi znaeme) prestanete da se raspravate za izjava na nekoj tatarin, sto od nesreka sto moze da se sluci kade i da e si pravi samo reklama pred negovite.
Од: sime
Датум: 10.09.2009 08:37:51
So p;ocit prema poginatite,takvi sme nie,sekoe cudo za tri dena,nazalost ke se zaboravi.Teskoto ostanuva za familiite koj zagubija.
Од: do Makedonecot Evropeec
Датум: 10.09.2009 08:40:58
Od provincjalizmot nemozeme da se oslobodime, bidejki provincjalcite ja vodat ovaa drzava. Toa sto e "graganstvo" vo drzavava, seta po ulici bez rabota(ne im trebaat "osvesteni" luge) ili se vo stranstvo, i isklucivo od provincija se nosat POSLUSNICI, koj za da bi ostanele vo Skopjevo, slusaat i pravat se i sesto. Toa e nasata tazna vistina.(Sekoja pocit kon lugeto od provincija, no vistinata e taa, se lutele ili ne).
Од: VMRO
Датум: 10.09.2009 08:57:19
Za se sto se slucuva loso vo drzavata e vinovna SDSM ili potocno Branko. A za bugarcinjata i EU se srami sto gi primila vo semejstvoto.
Од: tomo
Датум: 10.09.2009 08:58:11
Dragi novinari, malku i gi izvrtuvate zborovite na Bojko. A plus bezobrazie na bugarski znaci nesto drugo, znaci nesmasnost, nevnimatelnost, vina. A Bojko sto si e bezobrazen, bezobrazen si e.
Од: pameten
Датум: 10.09.2009 09:06:27
Nikogash nemam videno vo Bugarski vesnik koluma Mizerijata na Gruevski, Crvenkovski, Gligorov...
Од: irina
Датум: 10.09.2009 09:25:06
Nikoj nikade ne prokomentira kako mozese novinarkata na A-1 da go prasa pretsedatelot na Bugairja: "Ne mislite deka del od odgovornosta za nesrekjata e vo faktot sto poveketo bugarski turisti ne znaele da plivaat?" Za ova mozevte malku da zboruvate MK novinari!. So vakvo iracionalno prasanje (odgovornosta na mrtvite), prasanje postaveno na denot na tragedijata na pretsedatel na drzava nasata novinarka e zrela za Sovetot na cesta na ZNM. Taa sakase da kaze i kaza deka ako patuvate so avion treba da znaete da letate.
Од: Jana
Датум: 10.09.2009 10:20:37
Od zbor do zbor go potpisuvam komentarot na Milivoj Mitrovic. Tocno taka! Utriski posebno prednici vo antibugarska propaganda. Licno nemam nisto so Bugarite i ne mi se omileni i ne mi e jasno sto imate vie i zosto se natprevaruvate so latas koj ke bide po antibugarski nastroen.
Од: zana koleva
Датум: 10.09.2009 11:34:26
neli nie sme mizerni a ne borisov pa toj se bori za svojata nacija taka bi postapile i site premieri od zap ev mak mora da odgovori utre sk ce se desi pak pamtete padna palerot potoa padna uste eden vo ohridsko slusajte go borisov i vovedete red koga vo bug potonal brod so turisti ili padnal avion ili helihopter ili pretsedatelski avion.............
Од: ilija
Датум: 10.09.2009 11:40:34
Bravo za Makedonec-evropeec!!!
Од: Anandra
Датум: 10.09.2009 12:03:31
Izjavata na Bojko Borisov samo go pokazuva nivoto negovata POLITICKA. i COVECKA KULTURA. Vprocem, se plasam deka na EU i NATO crno im se pisuva so toa sto ja primija za svoja clenka Bugarija. Istorijata, koja e "magistra vitae", ( kako sto rekol mudriot Ciceron) ne uci deka taa sekogas e na gubitnickata strana.
Од: lenin vistinskiot
Датум: 10.09.2009 12:44:27
Retrospektiva: 2 patnicki avioni 1 mal avion kade pogina presedatel na drzava 3 helihopter kade poginaa 15 vojnici 4 minister vo avto nesreka pogina kaj katlanovo i za uste drugi nesreki vo minatite 19 godini nemozam da se setam za da ovaa poslednava bide kapak na se. Vo 5 metri dlabocina potonuva brod i ginat 15 nevini ludje. Sramota! Ne evoopsto sega vazno koj e kriv lugjeto zaginaa.Ako bev vernik na sevo ova ke si dadev odgovo deka ova moze da se sluci samo vo prokleta zemja kade zivee prokolnat narod. Bidejki ne sum vernik se nadevam deka vasive asljaci od politicari ke izvlecat nekoja pouka od sevo ova i ke pocnat da primenuvaat standardi za se. SE ima rok na upotreba i avioni i brodovi i avtobusi.Ne e samo zemi rusvet i brkaj rabota. Rusvetot se vraka kako bumerang.
Од: pavle
Датум: 10.09.2009 13:00:49
Ако се слушне изјавата на Борисов,во неа нема ништо неточно.Организаторот не патувањето(бродот) ја носи и одговорноста за безбедноста на патниците.Впрочем многу од преживеаните се заблагодарија за помошта на очевидците.И за крај,остајте го Борисов,тука треба да се стави ред,за да изгубат туристите.
Од: pero
Датум: 10.09.2009 15:59:29
Дали сме мизерија или не е наша внатрешна работа, а коментарите на Бојко се непримерни дури и за премиер на Бурунди, а камо ли за премиер на Европска држава (во обид). После такви навреди редно е испраќање на протестна нота, а ако продолжи во ист стил и заладување на односите.

Најди! во Утрински
Македонска верзија
Едиторијал
Соња Маџовска
Поглед
Деспина Трајковска
Мислења
Ден Дончев
Личност на денот

Ребалансот - алиби на власта дека се бори со кризата
Дел Потро го симна Федерер од престолот во Њујорк