Соработка со Кина со стратегија, а не со демагогија
Ден Дончев
Изјавите дека Македонија претставува некаква порта кон ЕУ за кинеските компании се приказни за мали деца кои не вредат ни да се коментираат
Неделава наврши годишнината од спектакуларниот банкрот на американската инвестициона банка „Леман брадерс“. Иако првите знаци на глобалната финансиска и економска криза се насетија уште во август 2007, со колапсот на „Леман брадерс“ започна спектакуларната спирала на паѓање на економската активност низ светот. По овој банкрот, за шест месеци глобалното индустриско производство опадна за преку 10 отсто. Светските берзи паднаа за 40 отсто, а најстрашно од с? можеби беше падот на глобалната трговија за 20 отсто. Сосема е јасно дека светот се соочи со најголемата економска криза од таканаречената „голема депресија“ во триесетите години од минатиот век па до денес.
Координираните монетарни и фискални мерки кои беа преземани од сите земји во таканаречената Г-20 група на најголемите економии во светот, успеаја да го спречат алармантниот глобален пад на економската активност. Но, реалните последици останаа. Стапката на невработеност во Америка и Европа денес е речиси десет отсто. Невработеноста е најчувствителната политичка категорија поради која политичарите понекогаш влечат потези кои можат да донесат краткорочна придобивка за сметка на долгорочна штета.
Такво нешто се случи пред неколку дена кога претседателот Обама воведе увозни тарифи од 35 отсто за увезени гуми во Америка од Кина. Два дена потоа Владата на Кина соодветно одговори дека ќе воведе истрага во увозот на автомобили и пилешко месо од Америка. Кинезите, се разбира, нагласија дека ваквата истрага немала никаква врска со одлуката на Обама да воведе високи увозни тарифи на увезените кинески гуми. Одлуката на Обама дојде неколку дена по објавувањето на податокот дека трговскиот дефицит на Америка со Кина се зголемил на 20,4 милијарди долари во јули 2009. Ваквиот увоз за тој месец претставува речиси една третина од вкупниот трговски дефицит на Америка. Во меѓувреме, во Лондон, на собирот на министрите за финансии на Г-20, министерот за финансии на САД потпиша меморандум со кој државите се обврзаа да се борат против секаков вид на економски протекционизам. Најверојатно и претседателот Обама ќе зборува за определбата за слободна трговија кога самитот на Г-20 ќе се одржи по десетина дена во Питсбург на ниво на претседатели и премиери.
Меѓутоа, под притисок на моќните Американски синдикати во авто индустријата, кои гласно се жалеа дека зголемениот увоз на кинески гуми во Америка одзел 7.000 работни места на американски граѓани, Обама излезе во пресрет на барањата од синдикатите. Во својот прв голем испит на полето на слободна трговија, претседателот Обама се одлучи за протекционизам. Како возврат, се случи голем излив на антиамерикански сентиментализам во самата Кина. Имаше дури и предупредувања дека ваквата мерка на Обама може да прерасне во целосна трговска војна меѓу двете држави.
Во изминатата година ова е втор ваков инцидент меѓу Кина и САД. Лани во првиот фискален стимуланс на претседателот Буш од неколку стотици милијарди евра беше вградена клаузула за давање предност на американските производи. Кинезите на домашен терен возвратија со кампањата „купувајте кинески производи“. Со новата американска тарифа за кинески гуми и со возвратната мерка Кина да го преиспита увозот на американски коли и пилешко месо, протекционизмот повторно е актуелен.
Прашањето сега е дали сме на прагот на трговска војна меѓу Америка и Кина или ова е само позиционирање за некакви преговори на следниот самит на Г-20 по две недели. САД и понатаму е локомотивата на глобалната економија, меѓутоа динамиката на економските односи меѓу САД и Кина ќе има огромно влијание врз степенот на глобалниот економски растеж. Економскиот спој меѓу двете земји, од глобалните економски аналитичари наречен „Кимерика“, беше главен двигател за глобалниот економски просперитет од 2001 до 2008 година. Во наредната деценија спојот „Кимерика“ ќе биде уште поважен. Останува надежта дека, сепак, разумот ќе преовладее и протекционизмот ќе биде отфрлен. На долгорочен план невработеноста во САД не може да биде решена со протекционистичка економска политика. Впрочем, Американците тоа најдобро го знаат затоа што токму под нивно влијание изминатите три децении глобалната трговија стана послободна од било кога претходно. Не е случајност што просечниот глобален економски стандард денес е повисок од било кога во историјата на човештвото.
Затоа е мошне важно и македонските „економисти“ да ја разберат динамиката на кинеската економија пред да истрчаат со демагошки повици до компаниите во Кина и нејзината влада да инвестираат во Република Македонија. Кина денес се нарекува „работилницата на светот”. Оваа земја е најголемиот увозник на суровини како бакар, олово и цинк, но и една од најголемите увозници на речиси сите други суровини. Кинеските компании инвестираат огромни суми надвор од Кина. Сепак, анализата на структурата на тие инвестиции покажува дека скоро сите реални инвестиции им се на полето на суровини (вклучувајќи и нафта). Најголемиот дел од финансиските инвестиции се во американски обврзници.
Најголемиот дел од кинескиот извоз е во стока која има ниска вредност. Како економија, Кина е на дното од тоа што се нарекува синџир на додавање економска вредност. Меѓу најголемите предности кои Кина ги има се критична маса (популација од преку 1,2 милијарди луѓе) и екстремно ниска цена на трудот. Затоа е илузорно да се очекува дека кинески компании би дошле да отвараат погони за производство во Република Македонија. По дефиниција, тоа би значело дека ние треба да се натпреваруваме со ниските плати на Кинеските граѓани. Тоа во економијата се нарекува „трка до дното“. А изјавите дека Македонија претставува некаква порта до Европската унија за кинеските компании се приказни за мали деца кои не вредат ни да се коментираат.
Директни странски инвестиции од Кина нема да ја спасат Република Македонија. Но, како пример, во наредните дваесетина години Кина ќе стане најголемиот глобален увозник на храна и пијалаци. Ова е област каде Република Македонија реално може да има конкурентна предност. Ваквиот извоз во Кина во наредните дваесет години со сигурност може да биде покорисна за македонската економија од надежта за кинески инвестиции во нашата држава.
Затоа би било многу по корисно да се направи реална стратегија како македонската економија може да се приклучи на кинеската економска локомотива. Се друго се празни фрази и демагогија со кои единствено е запознаена македонската јавност и никој друг.
Идеално замислената глобализација нема какви било шанси за успех! Таа ќе предизвика масовни појави на протекционизам, како шанса за одржлив економски развој и за одржување на социјалната сигурност во земјите со големи дефицити во трговскиот и платниот биланс! Саркози ги затвори фабриките од областа на автомобилската индустрија во земјите од Источна Европа, со цел да обезбеди работа за фабриките во Франција!
А, овие од македонската влада се однесуваат спрема Кина согласно позната прикаска за лисицата која одела по овенот со надеж дека ќе му паднат мадињата! Во поглед на странските инвестиции, Малиот Трпе и натаму халуцинира и очекува да се случи чудо!
Од: Ace od Avstralija
Датум: 16.09.2009 02:55:45
Duri i decata ovde imaat prava slika za Kina, a ti Den sozdavas pogresna slika i vodis malogradjanski inaetlivi( so nekakva cel za svoj ceif) polemiki. Platite na Kinezite ne se pomali, duri i pogolemi od platite vo MKD. Ako ti Den zemas iljadnici evra pa nemas oset naokolu, toa e druga rabota.Nemoj da si hipokrit.Makedonija moze da bide porta za Kinezite, kako i drugi, kako Trojanski (ekonomski) konj, da gi zaobikoli danocite, procesite i zastitnite preventivni merki vo EU.Te molam Den koga pisuvas, misli malku deka ce ti se smee nekoj i ovie tvoji "genijalni"misli objasni gi kako licno tvoi razmisluvanja, a ne da izigravas Ajnstajn vo kupaci gaci.
Од: Itar Peyo
Датум: 16.09.2009 06:06:14
Premierot rece deka za edna nedela kinezite ce pocnat da gradat fabrika za kompjuteri vo Bunardjik. Sto znaci deka najdoca idniot ponedelnik ce go vidime da ja frli prvata lopata. Patem, se secava li nekoj deka premierot potpisa memorandum za ekonomska, naucna i tehnicka sorabotka so princot na Hunzite? Sto e od toa ostvareno?.
Од: zabegan.
Датум: 16.09.2009 08:33:55
овој-ГВУЈО одлепил ама топтан.Ќе дојделе КИНЕЗИТЕ и ќе инвестирале во Македонија.Па што квалитет имат кинезите? Се глеа кој ги посетил нивните продавници.
Од: зоран.з
Датум: 16.09.2009 08:50:41
Само така премиере напред носиш инвеститори а народов неможе да те разбере за нивно добро е инаку каде ке ги вработите овие силни вмровци за кои плата од 6000 е премија а во европа несакаат бидејки вас тамо ве нема да ги вработите ,а мислам најпаметен потег сега би бил Да си Одите ЕЈ КИНЕЗИТЕ , Алооо бре лузери ЕВРОПА плата достоинствена 2000 - 3000 евра достоинствен живот а не беда ама ако влеземе во Европа нема више апашлук , и ај објаснете зошто место кредит со 2% камата од ММФ земате кредити со 13% од комерцијални банки може вашите непесмени потрчковци да ги лажете Па сега уште се фалите со Кинезите.....жално и болно за Македонија
Од: mite
Датум: 16.09.2009 08:51:45
Bravo ,Den jasno se gleda deka se vlasta pravi kako i odgovara. daj ednas nie narodot da se svesneme deka i da prevzemem konkretni merki a ne samo da ne lazat, pa ne sme ovci majkata-samo ce gi kaznime na izborite da znaes i toa so 3:0.
Од: jovan
Датум: 16.09.2009 08:57:36
Makedonija za mnogu investitori namesto porta kon Evropa ,ispadna ZATVOR. Kinezite ne se tolku glupi(kako Tajvancite sto se zaletaa po "portata" kon Evropa). Vtoro: Kolku i da se vo "vojna" Kina i Amerika, na poleto na ekonomijata sorabotuvaat prekrasno, pa Amerika nema da dozvoli Kina da vleze vo Evropa taka lesno(i toa preku Gerujo), a i samata Kina si ima obvrski kon Amerika koj MORA da gi ispolnuva, pa del od tie dogovori i obvrski e pazarot vo Evropa koj e strogo definiran. Toa se golemi igri za koj Grujo poima nema, no mu se prikazala dobra kampanja za domasnava publika, demek ke gi donesel Kinezite vo Evropa. Tazno.
Од: "trka do dnoto"
Датум: 16.09.2009 09:29:10
G-dine Den. Taa t.n. "trka do dnoto" vo odnos na platite i licniot standard na gradjanite ovaa Vlada zacuduvacki uspesno ja realizira. Na posledno mesto sme vo Evropa ( ne premina i Albanija) i sega opasno gi zagrozuvame poziciite na Uganda ,Ruanda, Burundi i i Ertitreja. Sto se odnesuva za prasanjeto na protekcionizmot vo ekonomijata i drzavni merki za zastita na svojata ekonomija, toa na prilepskiot Ekonomski fakultet ne se ucese, pa zatoa taa problematika ovaa Vlada ne ja poznava i vaka istrcuva so smesni prognozi za masovni investicii od svetot( ako se odese po nivnite prognozi ,vo Bunardjik ne trebase dosega da ima slobodno ni peda zemja). A sto se odnesuva do'"ekspertot:" Ace oa Avstralija , koj go izmesa Trojanskiot konj, Ajnastajn i ekonomijata, nemojte da mu zameruvate. Tolku mu delile , pa i tolku razbira.
Од: Trajko
Датум: 16.09.2009 11:20:15
Nashiot pastir reshil Makedonija da ja pravi kinesko selo.Ke ni se zgolemi natalitetot od drugite nacionalnosti i ke imame pogolem broj na ziteli na kvadraten metar i od kinezite.A za investicite ,dodeka da vidam ne veruvam.Nashata blada dosega shto kazala se izlazala.
Од: Donald Duck
Датум: 16.09.2009 12:22:51
Ace od Avstralija e CAR!!!
Platite vo Kina bile pogolemi od MKD??? 7USD e mesecna plata na Kinez koj raboti vo fabrika. Spredi go GDP/Capita na Kina i MKD i kje ti stane jasno...ako voopsto znaes sto zanci toa.
Од: Gorgija
Датум: 16.09.2009 15:21:18
Pocutuvan gospodine Doncev. Imav prilika da go sledam vaseto izlaganje na tv.knal na edna nasa televizija neodamna koga bev na odor doma vo makedonija. Izlivot bese krajno profesionalen, no dobiv vpecatok deka vasiot sogovornik ni odmalku nema cepnato od poleto na gobalnata ekonomija.Verojatno i vie ste dosle do ist zaklucok.
Sekako deka zapadnoto kulturno pole reagira histericno koga investiciite doadaat o drugi kulturni polinja. I toa ne e novina. Nekoi intelktualci odat duri i nekolku cekori ponatamu pa predviduvaat i nekoi crni scenarija.Da se nadevame dekanema da se sluci istot.
Onaa sto nam ni nedostiga vo momentot e tkmu profesionalniot odnos i ljubov kon sopstvenata profesij.
Kako ekonomski analiticar barem jas ve vbrojuvam vo "rabotnata elita"koja kaj nas doprva treba da se rodi.
So pocit.
Gorgja Krcin