Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Бугарски пасоши за тројца спасувачи на туристите

Се' уште е неизвесно кога ќе почне извлекувањето на потонатиот брод „Илинден“

Извлекувањето на потонатиот брод „Илинден“ се одолговлекува и се' уште е неизвесно кога ќе почне. Според неофицијални информации, тоа би можело да се случи денеска, иако се' уште се чека да пристигне неопходната опрема, со која сплитската компанија „Дубина“ ќе ја спроведе комплицираната постапка. Се скенира состојбата и се прават подготовки за инсталирање на опремата, со цел да се извади бродот неоштетен на копно. Според бугарските медиуми, кои се повикуваат на бугарскиот заменик-јавен обвинител Георги Илиев, извлекувањето на бродот ќе почне денеска и би требало да заврши до петок.

Инаку, тројца од македонските спасувачи, кои учествуваа во акцијата за извлекување на бугарските туристи од Охридското Езеро по потонувањето на бродот „Илинден“, ќе добијат бугарско државјанство. Ова вчера го најави бугарскиот министер без ресор, Божидар Димитров. Надлежните во Бугарија пред неколку дена соопштија дека петмина Македонци, кои учествувале во спасувачката мисија, ќе добијат ордени од висок ранг „Мадарски коњаник“, а со вчерашните најави дел од нив ќе добијат и бугарски пасоши. Како што пренесуваат сите бугарски медиуми, тројца од спасувачите од Македонија веќе поднеле барање за добивање бугарски пасоши и на нивните апликации Софија ќе одговори позитивно.

Според бугарскиот весник „Ехо“, министерот Димитров изјавил дека несреќата што се случи во Охридското Езеро е комбинација на повеќе фактори, а на неа, пред се', влијаел „застарениот брод, како и неодговорното однесување на локалната бродска администрација, која воопшто и дозволила тој да плови и да превезува патници“. Министерот одговорноста ја лоцира и во „осигурителната компанија што издала гаранција за бродот, со која потврдува дека тој е во исправна состојба, како и кај капетанот на бродот, кој дозволил да се превезуваат повеќе патници од дозволеното“.

Бродот „Илинден“ потона на 5 септември, на последното патување кон Свети Наум. Несреќата се случи кај кампот „Елешец“, при што се удавија 15 туристи од Бугарија, додека 42 лица беа спасени од локалното население и од туристите кои се одмораа на охридското крајбрежје. (Х.Р.)

 


#
Статијата е прочитана 3895 пати.

Испрати коментар

Од: Uros
Датум: 16.09.2009 00:12:54
I pravec vo Bugarija neka si gi nosat,golema rabota im dale bugarski pasosi, od koj vo EU tresat jaka ne mozat povekje da gi smislat.
Од: Gazmen
Датум: 16.09.2009 00:18:06
Bugarski pasosi pa vaka se predavame na bugarite daj te be veke so ovije nivni pasosi ne ke ostane makedonski drjavlani vi gi matet umojte posle ke ja ostavite makedonija na albancite pa gledam na sekoj komentar se kajate neka im je na zdavije
Од: Milena
Датум: 16.09.2009 00:57:57
Fino za ovie sto ce zemat drzavjanstva sekoja cest!
Од: blagoja
Датум: 16.09.2009 01:11:16
ne mozam da razberam za pomoch da se dava pasoch.Se e vo red da e nekoja nagrada nekoj zbor za blagodarnost no da se dava pasoch e nechto ne normalno.
Од: kaktus
Датум: 16.09.2009 01:41:54
Тоа ти се вика награда. Пасош бугарски и државјанство бугарско. Ашколсун!
Од: Ljubotan
Датум: 16.09.2009 01:43:06
__--"Министерот одговорноста ја лоцира и во „осигурителната компанија што издала гаранција за бродот, со која потврдува дека тој е во исправна состојба, како и кај капетанот на бродот, кој дозволил да се превезуваат повеќе патници од дозволеното". Eeee eve kaj se spasi Osiguratelnata kuca, da ne plati nisto , i osiguratelnata polisa da pstane nistavna NIL. Kapetanot na Brodot , koj dozvolil, da se pretovari so povece patnici od dozvolenoto Sekoja polisa ima i svoi uslovi,a tuka glavniot uslov e prekrsen, i ne go barajte povece Lojds!.
Од: vladimir
Датум: 16.09.2009 04:05:45
i tuka politka na tuga nesreka nekomu lazna sreca!
Од: pk-canada
Датум: 16.09.2009 04:38:44
samo potvrda na ona sto go zboruvav, imame povece predavnici vnatre otkolku neprijateli nadvor. I posle nekoj nekogo narekuva predavnici. Zosto bugarski pasosi? zosto ne paricni nagradi? zosto i sega vladata pak ne reagira? Zatoa sto e probugarska, i stetna za Makedonija.
Од: Kolo Diamantot
Датум: 16.09.2009 04:41:27
Odbijte ja ponudata za Bugarski pasosi od toj nacionalist. Vo januari sekako ke mozete da patuvate kade sto sakate. Dokolku ja prifatete ponudata vie mora da ste nekoi ostanati Bugari od okupaciata na Bugaria.
Од: DIMA
Датум: 16.09.2009 07:04:37
Mene me interesira zosto i Makedonija ne deli Makedonski drzavjanstva na site Makedonci sto ziveat vo Bugarija????????
Од: sinolicka
Датум: 16.09.2009 08:04:59
Bugarite da mozat na site ce ni dadat pasoshi. Tie nas za lugje ne ne smetaat a nie siroti kolku sme naivni trcame po nivnite pasoshi ce vlagame so niv vo Evropa. A ne gi gledame nivnite skrieni nameri.
Од: Трпе
Датум: 16.09.2009 08:33:28
Трагедијата што се случи во Охрид,треба да ја решава стручни служби одговорни за овие проблеми.Но не ми е јасно дали спасувачите на давениците ,како ќе ѓи прифатат наградите од бугарското министерство ,кои се однесуват во добивање на бугарски пасоши.Дали од ова понижување нема поголемо.Ако прифатат бугарско државјанство ,е тоа се вистински македонски патриоти.
Од: Софијанец
Датум: 16.09.2009 08:33:29
Несомнено е човечка трагедија и секој треба да се сочувствува. Но, на бугарските идиоти како да им нема крај. Сакаат да купат уште неколку “бугари“ во Македонија. А продадени души за малку пари ќе се најдат секаде. Тој човек (Божидар Димитров) треба да го прегледа проф. д-р Чепреганов, искусниот и светски познат лекар, невропсихијатар оид Скопје, Р. Македонија.
Од: софија
Датум: 16.09.2009 08:38:11
Сопствениците на бродовите уште пред неколку години дојдоа во Софија и самите побараа бугарско државјанство. И така и вака тие беа на пат да се побугарат.
Од: jovan
Датум: 16.09.2009 08:48:45
Dobro sto ste ja objavile ovaa vest za "spasitelite" koj "spas" baraat vo Bugarski pasos. A uste podobro (CESTITAM) sto ste ja stavile ovaa vest vo HRONIKA.(samo trebase da bide CRNA HRONIKA). Poleka poleka no sigurno site ke zavrsime vo crna hronika.
Од: jane sandanski
Датум: 16.09.2009 08:50:25
Bugarski pasosi- e samo tri pa malku se neka dadat poveke i na Sneska od Ljubco neka i dadat i taa ima zasluga
Од: Makedon
Датум: 16.09.2009 09:39:42
Se poveke se zgolemuva brojot na "makedonci" so bugarski pasoši,so bugarsko državjanstvo.Sekoj od novite blagonadežni bugari ima svoe opravduvanje zošto go storil toa,no poveketo ne se svesni za posledicite od nivnata postapka.Bugarija pred sovetot na Evropa može da pobara "prebrojuvanje" vo Makedonija,školi na bugarski,bugarski partii i nivni pretstavnici vo parlamentot,pa spojuvanje so matičnata ....Se prašuvam kade e čuvstvoto na pripadnost,nacionalna gordost,svoj na svoeto ...Prodadeni za kola,izlez vo Evropa,biznis ...sitni duši.Nemam opravduvanje i razbiranje.A vladite?Samo sopstveniot interes i rejting.Ni Filip,ni Aleksandar,ušte pomalu pa Todor Aleksandrov ne go pravat makedonecot.Srce za država treba da se ima.
Од: R.N-B
Датум: 16.09.2009 09:42:52
Toa sto Bugarija ke im se zablagidari na spasuvacite vo ohritskata tragedija, e normalno i pohvalno.Sto ke gi "dekorira so ordenot"Madarski konjanik" e isto za pohvala! No, vrbuvanjeto na tie lugje so davanje na bugarski pasoci( koi ne se dadeni samo kako na "pocasni gragjani") onie koi skokale vo vodata za da pomognat, e ravno na kriminal i nedolicno za edna pravna drzava. Uste poloso e AKO tie tri lica na koi ne im se kazuva imeto( drzavna tajna) ako VEKE podnele baranje za bugarski pasos! Deka Makedoncite se navogjaat vo " domasen pritor" so godini e tocno, no da se PRODADE TATKOVINA, dedovcit i pradedovcite ke im go prokolnata, majcinoto meleko so koe se nadoeni! Aram za takvi Makedoci!
Од: Zosto da ne ?
Датум: 16.09.2009 09:49:54
Normalno so si zele Blg. pasosi., da si patuvaat niz Evropa kako ceneti i zastiteni patnici. A do Dima edno prasanje. Na kogo da delat bre Mk pasosi vo Blgarija, i za sto istite potoa mozat da gi upotrebat. za odenje do Vranje Pirot i Elbasan.?
Од: vani
Датум: 16.09.2009 10:08:34
bravo za bugarite toa se ljude ne ko ovie nasi moroni sto nista ne napravija za ovie ljude tuka oni odvedoa svojot narod vo eu a ovie nasi cvrc pa nie i smo bugari da ziveee car boris
Од: london
Датум: 16.09.2009 10:29:13
pa sto se potresuvate za bugraksi apsosi . Stom tolku lesno s edobivata pa i ne vredat poveke od dokumnt z apatuvanje po EU. PAsosot ne pravi od nikogo bugari. Kako sto britsnksiot pasos ne ve prvai briance.. iam luge so nekolku pasosi - pa tso. tolkva galama z anisto. ako sakat da dvata dokumnti za patuvanej - dobro - lugeto ke stedat na viza koga patuvata po eu.. super e da se ima edne kup pasosi. moz ie grcki sto da ne ne - nema da ne naparvat grci kako sto nema da ne pravat makedonci makedonskite pasosi. Prasjate gi albancite so makedonski pasosi.
Од: Добронамерен
Датум: 16.09.2009 10:33:01
Ашколсун бе Утрински. Пласирај дезинформација и лага, папосле ставај си коментари во “ситни саати“. Добивам впечаток дека цела редакција пека за бугарски пасосш, па еве препорака до Бојко Борисов и неговиот министер за дијаспора да ја разгледаат вашата желба.
Од: Danijel
Датум: 16.09.2009 11:08:19
Prodadeni dusi koi go sede bugarski pasoch tragödia sa nas narod,ja sum roden vo germany i do sega ne go sedov germanski pasoch od sto sum gord da sum makedonec ne ja davam moja semja
Од: crni
Датум: 16.09.2009 11:09:33
i za mile janakievski pasos... :)
Од: di
Датум: 16.09.2009 11:13:09
Dali chitate shto e napisano ? Bugaria ne gi e ponudila pasoshit e, a тројца од спасувачите од Македонија веќе поднеле барање за добивање бугарски пасоши и на нивните апликации Софија ќе одговори позитивно
Од: do gazmen
Датум: 16.09.2009 11:18:54
so sto se prodale brat?zarvsiv fakultet pred12god seuste sum bez rabota so sto da se gordeam makedonec?bug barem rabota imat i vlegoa vo eu a jas se ranam vo narodna kujna da ne umram od glad toa li e gordost?da davat pasos i rabota bugari vednas se pisuvam bugarin.
Од: maci
Датум: 16.09.2009 11:25:44
Eeeee veke sto nema da izmisllite za da go popolnite vesnikot ,zivi gluposti
Од: бугарин
Датум: 16.09.2009 12:00:16
Едно е да сакаш БГ-пасош, а сосема друго е да ти дадат. Ти не си поврзуван да докажуваш дека имаш бугарски роднини. Моралната награда чини повеке от паричната.
Од: Од редовен читател
Датум: 16.09.2009 12:02:07
Македончишта, имате голем поздрав од ОМО Илинден Пирин за храброста што ја покажавте при спасувањето на давениците, а уште повеќе за тоа што ќе ви се доделат бугарски пасоши со кои ќе си ја докажете својата патриотска ориентација. Алал да ви е, само напред!
Од: јас
Датум: 16.09.2009 12:09:42
Значи ова бугариве немаат ни срам ни усул.Да им даделе БГ-пасоши на спасителите.Ова веќе е задирање во внатрешните работи на друга земја.Но оваа пробугарска влада воопшто не реагира.Е мои портокалови овци само Бранко онака државнички и патриотски имаше смелост да им каже на Бугарите , а вашиот пастир молчеше ко .... на сите БГ-провокации и тоа среде Македонија..За спасителите , навистина направија јуначко дело , но ако побарале БГ-пасоши и ако навистина ги земат , тогаш тоа за мене не се луѓе...
Од: Komentator
Датум: 16.09.2009 13:41:15
E ..ova ti se vika tragikomedija...dali toa trebe da uste nekogo da udavime..pa na mala vrata da vlezeme vo Eu...!! Bruka i za ednite i za drugite...!!
Од: terezija
Датум: 16.09.2009 14:15:58
Mnogu,mnogu mi e teshko ...Ponizeni i zasrameni ... Da se nema 'namus' ni vo dobro ni vo zlo...Kako (i so kogo) ponatamu..??!Sega sum nachisto - ZIVOTOT MI BIL NISHTOZEN...
Од: od zanko
Датум: 16.09.2009 14:16:18
Bugarite na nas site do eden bi ni dale drzavjanstvo - zarem ne ni e jasno uste??? Jas toa ne bi go narekol nagrada nego ponizuvanje. A onie od vladata ionaka site go imaat veke. sramota sramota i sramota!
Од: Kire USA
Датум: 16.09.2009 14:48:04
Nasiot narod se naoga vo pritvor od bilo koja strana da se pogledne , nasite gragani se tretiraat kako treta klasa na luge, nesposobnata vlada za ovie 18 god ama nisto ne napravija da se podobri situacijata na narodot. Ne gi krivam sto si baraat drugi passoshi barem ja imaat slobodata na dvizenje i sigurno ne gi interesira za mediumskite svezdi (politicarite) sto tropaat. Zivotot e kratok.
Од: gjore
Датум: 16.09.2009 15:15:17
Абре знаете ли мили нашинци, загрижени и преплашени толку од бугарите, колку има македонци со албански пасош, којшто носеа митралез во раце, и влечеа минофрлачи и бестрзајни топови по Шара и дирекно пред камери испотепаа најмалку 20на македонци (којзнае уште колку зад камерите), карпалаци и чуда, ВИСОКО носеа, а денес веат албански барјак секаде низ Македонија и тоа само пред 7-8 години па никому ништо, а се фативте баш даги цренеете бугарите. Јас не знам некој бугарин да отепал македонец било кога, или пак со митралез да пукал по макеонска војска и полиција и ВИСОКО да турил бугарски барјак среде улица било каде низ Македонија... Дури секаде слушам (а во учебниците строго се крие) дека во втората војна спасиле стотици илјади македонци кои србите со сила ги потерале во војна. Ни Грујо не може македонски барјак да им тури ни во Чаир, ги изнареди насекаде тоа јарболите, ама се` некако далечку од овие македонциве со албански пасош
Од: slavco stanoev
Датум: 16.09.2009 16:28:45
Sramota e i greota za mrtvite ovoj slucaj da se politizira. Ne e nisto strasno da imas bugarski pasos no da im kazes deka ostanuvas makedonec po rod,i nikogo od tvoite pretci da ne go pravis toa sto ne bil.Vo sprotivno si ja prodal dusata. Vani sto si ti zboruvaj samo za sebe. Najgolemi vinovnici za zemanjeto bg pasosi se dosegasnite mk vladi, zatoa sto vo sprega so oligarhijata so sila ne drzat zatvoreni za da bideme eftina rabotna sila. Makedonija dosega nemala patriotska vlada.
Од: bravo usa
Датум: 16.09.2009 17:02:32
za decata na buzjetarite e lesno da se pravat patrioti i da provociraat. trpev za leb do 32 god.i sto sum zemal bg pasos pa ne sum promenil vera mozebi trebase da cekam do smrt pa da mi dadevte rabota, sramota. ostavete ne veke ednas na mira i ako sakate ..od bugarin o tapija
Од: Valentin , Ohrid , Macedonia
Датум: 16.09.2009 18:45:29
Dima mnogu mudro , snagata na Makedonija e vo Bugarija , ke vidime "ot nova godina " kolku Makedonci ot Bugarija ke pobaraat Makedonski Pasosi / za zal bez lavce ama..../. Ova go cekam godini.....

Најди! во Утрински
Насловна
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров (3)
Борба со идеи, а не со летоци
Русија ни ги прекина соништата за четврт-финале
Зденко
Oслободен киднапираниот син на бизнисменот Фатмир Етеми
Ребалансот - алиби на власта дека се бори со кризата
Темели среде Вардар
Дел Потро го симна Федерер од престолот во Њујорк
Соработка со Кина со стратегија, а не со демагогија
ЕЛЕМ и ЕВН повторно на суд
Донациите на медиумите за партиите мирисаат на корупција
Нема ни хигиена ни пари од Законот за јавна чистота
Ким Клајстерс
Карикатура