Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Oслободен киднапираниот син на бизнисменот Фатмир Етеми

Во бегство се двајцата грабнувачи на деветгодишниот син на високиот член на Нова демократија

Горан Адамовски



Драма со среќен крај. Деветгодишниот син на бизнисменот Фатмир Етеми од Скопје беше киднапиран, па ослободен. Момчето беше грабнато во понеделникот попладне додека возело велосипед во населбата Чаир. По петчасовно заложништво детето, живо и здраво, било ослободено. Вчера полицијата ги откри грабнувачите, но тие се во бегство. Според досегашниот тек на истрагата, киднапирањето било извршено со цел да се бара откуп од таткото на детето.

Филмскиот грабеж на синот на високиот функционер на Нова демократија, Фатмир Етеми, се случи во понеделникот, околу 16,20 часот, додека тој се возел со велосипед заедно со свое другарче. Во близина на стадионот во Чаир, пред децата застанал „фијат браво“ со бела боја, со скопски регистарски таблички и со затемнети стакла. Во возилото имало две лица со „фантомки“ на главите.

„Еден од нив излезе од автомобилот, го грабна детето и го стави внатре на задното седиште. Потоа побегнаа кон Бутел“, раскажуваат вџашените очевидци. Другарчето на детето веднаш ги известило возрасните за тоа што се случило. Петнаесет минути подоцна за случајот била известена и полицијата. Следувала брза реакција. Блокирани биле сите гранични премини во земјава, а на разговор биле повикани десетици лица, за кои постоеле индиции дека е можно да имаат сознанија или контакти со двајцата грабнувачи.

„Вечерта, околу 21,30 часот, деветгодишното момче било ослободено на раскрсницата на улицата ‘Босна и Херцеговина‘ и булевар ‘Словенија‘ по што се јавил од мобилен телефон“, велат од полицијата.

Момчето не било малтретирано. Рекло дека било однесено во напуштена куќа во Визбегово. Од МВР велат дека еден од грабнувачите таму живеел под кирија. Според полицијата, станува збор Адиљ Бекировски (19) од село Тисовица и Абдиљ Кадир Сали (19) од Скопје. По нив е распишана потерница. Двајцата осомничени досега на полицијата и' биле познати единствено по помали кривични дела.

„Се' уште се истражува мотивот на грабнувањето, иако според првичните претпоставки станува збор за изнуда на пари, бидејќи таткото на грабнатото дете добил еден заканувачки повик да подготви пари, а дополнителни насоки, како што било најавено, требало да му бидат дадени вчера“, објаснуваат од полицијата.

Неофицијално, возилото на киднаперите било оставено во близина на спортскиот аеродром „Стенковец“ кај Визбегово. Сопственикот на возилото, наводно, немал никаква никаква врска со грабежот.

Фатмир Етеми беше кан��идат на Нова демократија за градоначалник на Чаир на последните локални избори. Важи за угледен и богат човек, кој поседува градежна фирма. Етеми е и поранешен пратеник во Собранието, но како дел од ДПА. Како што изјави вчера, го минал најтешкиот ден во животот. Среќен е што на крај се' добро се заврши.

„Сакам да изразам голема благодарност до полицијата и до граѓаните, кои помогнаа во ослободувањето на детето. Не сакам да помислам што можеше да му се случи на мојот син“, вели Етеми. Тој не сака да шпекулира кој и зошто го извршил киднапирањето.

„Тоа е работа на полицијата. Мене ми е најважно што детето ми е дома, живо и здраво“, ни рече бизнисменот. Пред седум години семејството на Фатмир Етеми беше мета на бомбашки напад, а за среќа никој не беше повреден. МВР до денеска не ги пронашло бомбашите.

 


#
Статијата е прочитана 1023 пати.

Испрати коментар

Од: ugrin
Датум: 16.09.2009 00:10:11
Cosa nostra vo makedonija ili pak tipicen primer kako mobsterite od 30-tite godini gi opomenuvale izdajnicite.Za zal ova e denesnicata vo drzavava,albanskiot faktor e premnogu vlezen vo vakviot nacin na odnesuvanje koe im steti najmnogu nim kako del od Makedonija a potoa i vo celina.Lek ima samo treba da se najde za vakvite pojavi koi eve metastazirale ovde kaj nas.

Најди! во Утрински
Насловна
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров (3)
Борба со идеи, а не со летоци
Русија ни ги прекина соништата за четврт-финале
Зденко
Бугарски пасоши за тројца спасувачи на туристите
Ребалансот - алиби на власта дека се бори со кризата
Темели среде Вардар
ЕЛЕМ и ЕВН повторно на суд
Дел Потро го симна Федерер од престолот во Њујорк
Соработка со Кина со стратегија, а не со демагогија
Донациите на медиумите за партиите мирисаат на корупција
Нема ни хигиена ни пари од Законот за јавна чистота
Ким Клајстерс
Карикатура