По двете програми, онаа на ВМРО-ДПМНЕ, „Преродба во 100 чекори“, а потоа истата, надградена и проширена, конечно, и СДСМ излезе со програма напишана на 200 страници под наслов „Решенија за Македонија“, со која реши да и' конкурира на владејачката партија со нејзиното „најмоќно оружје“ - економијата.
До сега владејачката ВМРО-ДПМНЕ како аргумент во дебатите го користеше токму немањето, според нив, програма со која нивниот главен политички опонент, достојно ќе им конкурира на нивните „чекори“.
Ако во досегашното дејствување на двете партии кога тие беа или се на власт, често се мешаа лончињата, па социјалдемократите применуваа десничарки мерки и обратно, ВМРО - ДПМНЕ, социјалдемократски, сега е веројатно дека таквите концепциски „застранувања“ќе бидат надминати.
Но, што ќе се прави сега, ќе проработи ли и кај двете најголеми политички партии демократскиот сенс, да не се препукуваат и обвинуваат на слепо, туку да се борат за концепти и идеи, па народот сам на избори да реши кој од нив е подобриот?
Сега и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат историска шанса, како во секоја европска држава, да демонстрираат јавно конструктивна битка за подобри решенија во однос на тоа како да се подобри стандардот на граѓаните, да се зголеми вработеноста, да се намали сиромаштијата, кој е подобриот концепт кој ќе ги донесе странските инвеститори во земјава и ќе влијае на намалување на банкарските камати.
Пресудна улога треба да имаат финесите во програмските решенија што ги нудат политичките партии, а не кој подобро ќе ја „продаде“ програмата, односно ќе ја испечати во поголем број примероци, па ќе разлетаат летоци, плакати, спотови, за кои нарачателот често е непознат, ама најцрно што може се претставува програмата на противникот.
А, токму тоа се случи и овој пат.
За жал, расправата по промоцијата на новата програма на СДСМ на почеток не ветува многу, во поглед на градење конструктивен дијалог.
Главниот политички опонент на СДСМ, владејачката ВМРО-ДПМНЕ, без подетална анализа, веднаш извади оценки дека програмата е бледа, недоречена и без конкретни проекти. Се разлетаа анонимни летоци, кои не се ништо друго освен грда реплика на оние од пред десетина дена, со кои се оцрнуваше тригодишното владеење на Груевски.
Според експертите, ваквите ниски удари во никој случај не можат да бидат замена за вистинско соочување пред јавноста на главните конкурентски концепти.
Што понуди СДСМ, а што во тоа виде ВМРО-ДПМНЕ?
Најголемата опозициска партија го гледа економскиот спас за земјава во поинаква даночна политика од онаа на власта. Промовираа в��ведување прогресивен данок, со тоа што оние што земаат повисоки плати треба да плаќаат и повисоки даноци. Тука лежи најголемата концептуална разлика меѓу двата економски концепта на главните политички ривали.
Владејачката партија и овој предлог го дочека на нож, веднаш почна „натпреварот“. Преку прес-конференции, се води битка за тоа во чие време на владеење биле повисоки даноците, а кој ги симнал, наместо концептуалните разликите да бидат мотив за аргументиран дијалог.
Клучното прашање за тоа дали нешто се ефектуирало не е преку тоа дали се повисоки или пониски даноците, не дали се продале ЕСМ или „Телеком“, туку колку им се подобрил животот на граѓаните и, најважно, дали се отвориле нови работни места.
Тешко може да се поверува дека политичките партии не се свесни дека сите буџетски, даночни инвестициски зафати вредат колку бројката на нововработени луѓе, но не и избришани од список или на товар на државата, туку на товар на приватниот сектор.
Само така политичките партии можат да се мерат кој колку е појак.
Досега ниту еден економски владејачки концепт не донесе таква преродба.
Економските политики и на есдеесесовците и на вмороните се засноваат на принуда, а не на мотивација. Затоа нивното спроведување даде лоши резултати. Преку економските политики се врши дискриминација на стопанските субјекти кои не се во кругот на власта и на најголемиот дел од народот. Во услови на 35% невработеност персоналниот данок на доход, без оглед колкав е, дали ќе биди мал или голем, пропорционален или прогресивен, е економски нонсенс и значи гушење на стопанството.
Од: Коста Стоименовски
Датум: 16.09.2009 00:49:39
Состојбите во македонската економија се катастрофални! Најголем проблем во неа се структурните диспропорции, кои се карактеристични за колониите! Таквите диспропорции мора да се елиминираат со јасно дефинирана стратегија и политика, но, за тоа никој не зборува!
Транзициската доктрина на Македонија (дали таква воопшто постои?) е целосно апсурдна! Државата никако не може да се ослободи и да излезе од „чаурата“ на социјализмот! Сите партии ветуваат зголемување на вработеноста, а сите граѓани очекуваат дека ќе ги вработи државата (во администрацијата)!!! Значи потребна е итна промена ��а менталитетот, како на политичарите, така и на граѓаните!!! За тоа поопширно во некоја друга пригода.
Од: Ace od Avstralija
Датум: 16.09.2009 03:00:19
Bravo za SDSM vo vrska so progresivniot danok. Licno sakam vakvi statii so sporedba na vodecki partii i vodat kon nesto konstruktivno. Prodolzete taka.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.09.2009 07:50:30
Заборавате намерно да напишете дека истовремено се појавија летоци и од ВМРО и СДСМ.Борбата со летоци е одраз на примитивниот антагонизам на пониските слоеви на партиите а поттикнат од врвот на партиите.Кога сте се нафатиле да ја браните програмата би сакал да видам елаборирање за три работи.Прво користа од продажбата на ЕЛЕМ,второ како ќе се реализирааат идеите без финансиски извори и трето зошто нема рокови за реализирање на идеите.Се надевам во следниот напис тоа ќе го елаборирате и покрај тоа што знам дека нема да го сторите тоа.
Од: andrej
Датум: 16.09.2009 08:17:39
bravo za sdsm, vmrovcite neka placat kolku sakat!
Од: Трпе
Датум: 16.09.2009 08:23:17
Нападот е најдобра одбрана.Така ја учеле нашата владеачка ЕПП влада.Затоа деновиве не се симнува од медиумите.Наместо да гледат во својот двор и да сватат дека тие се власт а народот од нив очекува поквалитетен живот.Треба да научат и дека има разлика на програма или поточно кажано план на власта од програма на политичка партија.А на ова дереџе сме и поради дел од народот кој не се труди да свати дека сегашната власт народот го смета како куче.Па нели кучето е најверно.Доволно е да му се фрли една мала коска и тоа ке ти мавта со опашот.Сегаш��ата влада го држи народот (верните гласачи) со отварање јавни кујни,Давање секави милостињи,поклонува учебници и дел од македонскиот народ мавта со опашот дека владата мисли на нив.Наместо да го подобри стандардот и секој да може да си го организира животот.Не е сега социјализамот да се поклонуват станови.
Од: Ni krk ni mrk
Датум: 16.09.2009 09:40:52
Progresivnoto odanocuvanje treba pod itno da go sprovede i VMRO, bidejci so ravniot danok teretot na krizata padna na plecite na siromasnite. Vo site zemji e normalno pobogatite da placaat povece , a posiromasnite pomal danok. No zacuduva sto ni edna od partiite ne " cepnuva" vo prasanjeto za revizija na kriminalnata privatizacija, iako i dvete tvrdat deka istata bese vistinski grabez. Izgleda i ednata i drugata partija se debelo potplateni i isplaseni od tajkunite i oligarsite od tipot na Zingo, Davitkovski, Mukaetov Kamcevi ,Svetovci i drugi pa ne smeat da kazat ni krk po toa prasanje.
Од: Бато
Датум: 16.09.2009 10:07:20
Точно така како што е насловот на новинарката ,да се соочат економските промотори на двете партии,пред очите и ушите на нас граганите на дуел на електронските медиуме и тоа во повеќе наврати.МИСИОНЕРУ ВО КОНГО (ФЕЛИКС)ја прашуваш новинарката за продажбата и ќарот од ЕВН а забораваш за„ќарот„ ОКТА И ТЕЛЕКОМ,за роковите и финансиите за проектите,нека се соочат на ТВ ДУЕЛ, не преку мегафон да не потсетуваат за 15 септември2002 г.и пред вратите безобразно да ни оставаат флаери со потсмев,со чиви пари се печатат?Ние граганите во 2006г.дадовме насока за 15 септември2002 г.но разберете вчера беше 15 септември 2009 г.Од толку викање УРА за програмата проширена и надоградена очилата ви се замаглија ,а брисачи немате.Ние кои не припагаме на ниедна партија го креваме гласот за јавна ДЕБАТА И НИЕ ЌЕ НАПРАВИМЕ ИЗБОР која програма е реална а не само „кувар на македонски специјалитети„Поздрав.
Од: kris
Датум: 16.09.2009 14:32:07
И двете опции се исто л.... , трета опција е спас за Македонија........., а пошто трета опција на видикот нема, значи со овие нема спас за Македонија.....жалосно, но вистинито.....
Од: terezija
Датум: 16.09.2009 15:00:55
1)Poraneshniot SKM nema ama bash nishto zaednichko so deneshniot SDSM...! 2)Kako shto so sigurnost ZNAEME deka deneshnoto DPMNE nema ama bash nishto so VMRO (Istoriskoto-originalnoto)..! 3)Otsekogash sum pretpochital-ORIGINAL "GJUBRE" otkolku "ZLATNA" IMPROVIZACIJA...a deneshnovo "VMRO"ima tolku zaednichko so ISTORISKOTO, kolku shto pokojniot Versache ima "dopirna" tochka so Versache -vnukot na pratenik.Amdi Bajram (so cela pochit kon familija Bajram)...Tolku za toa.A za Progresivniot Danok samo 2 rechenici: Da se plashish od onoj SHTO NUDI POVEKE (sluchajot TAT)...A do Narodot : da se plashish i PAZISH od onoj ,koj se SAMOREKLAMIRA (i toa sekogash lazno...).
Од: jug
Датум: 16.09.2009 16:04:14
Idvete partii za zal se isti vo samite niv nema dekokratija. Ima licnosti zelni da vladeat so ovoj napaten narod i sigurno bez problem dA SMISLUVAAT TRIKOVI KAKO DA GI TROSAT NARODNITE PARI. Edni ke izmislat TAT drugi SWEDMILK ikoga ke vidis za narodot stapot.