Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Личност на денот

Ким Клајстерс

Додека нејзината 18-месечна ќерка Џејда Ели си играше со победничкиот пехар на Ју-Ес опен, солзите-радосници на Ким Клајстерс зборуваа се'. Само 35 дена по враќањето на тениските терени по двегодишната пауза за да ја донесе на свет Џејда, Белгијката го освои својот втор Гренд-слем трофеј, принудувајќи го и Роже Федерер да и' се поклони, нарекувајќи го нејзиниот фантастичен камбек голема приказна за женскиот тенис. Таа е првата мајка со триумф на еден од четирите најголеми турнири во сезоната по Евон Голагонг на Вимблдон 1980 година.

Екссопругата на Лејтон Хјуит, всушност, продолжи таму каде што застана во 2005 година, кога исто така славеше во Њујорк. Поранешниот женски рекет број еден и во сингл и во дубл е првиот учесник со вајлд-карта што триумфирал на Отвореното првенство на САД. Поради долгото отсуство, немаше ни ранкинг, за веќе по три турнира да излезе на 19. место на ВТА-листата.

Зад името на 26-годишната фиданка на спортско семејство, која тврди дека има фудбалски нозе на татка си Леи и гимнастичка флексибилност на мајка си Елс, стојат 35 ВТА-титули, а покрај двете на Флешинг медоуз има и две финалиња на Ролан Гарос и едно на Австралија опен. Во двојки има триумф на Вимблдон и во Париз, како 11 освоени ВТА-турнири. (Р.Д.)


#
Статијата е прочитана 352 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Насловна
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров (3)
Борба со идеи, а не со летоци
Русија ни ги прекина соништата за четврт-финале
Зденко
Бугарски пасоши за тројца спасувачи на туристите
Oслободен киднапираниот син на бизнисменот Фатмир Етеми
Ребалансот - алиби на власта дека се бори со кризата
Темели среде Вардар
ЕЛЕМ и ЕВН повторно на суд
Дел Потро го симна Федерер од престолот во Њујорк
Соработка со Кина со стратегија, а не со демагогија
Донациите на медиумите за партиите мирисаат на корупција
Нема ни хигиена ни пари од Законот за јавна чистота
Карикатура