Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter

Фељтон

Контроверзиите и вистините за Тодор Александров (3)

Советите немале доверба во Александров

Упорноста на Москва да соработува со Тодор Александров кај Димитар Влахов и Димо Хаџи Димов предизвикувала огорченост

Виктор Цветаноски

Главна причина за убиството на Тодор Александров е Мајскиот манифест од 6 мај 1924 година, потпишан во Виена за обединување на македонското револуционерно движење. Манифестот никогаш не заживеал. Напротив, наместо до обединување, дошло до продлабочување на расколот на движењето и до ликвидирање на големи имиња на македонската борба. Убиството на Александров го искористил Ванчо Михајлов да се пресмета со најистакнатите личности на левицата. Таа есен се убиени Димо Хаџи Димов, Арсение Јовков и Славчо Ковачев, а зимата е ликвидиран во Милано Петар Чаулев, еден од тројцата членови на ЦК на автономистичка ВМРО.

Зошто Александров сакал да се приклони кон Советите, кога се знае неговата десна политичка ориентација? По превратот во Бугарија и по доаѓањето на власт на Александар Цаков, тој не ги добил бенефициите што ги очекувал, па затоа се свртел кон Советскиот Сојуз, кој истовремено имал интерес моќната ВМРО да му стане сојузник за зголемување на влијанието на Балканот. За да оствари контакти со Советите, Александров ги испратил во Москва Димитар Влахов и неговиот зет Михаил Монев.

„Александров настојуваше делегацијата да замине во Москва, а јас се согласив да учествувам во неа. Делегацијата се состоеше од двајца членови, од мене и зетот на Александров, Монев, кој веројатно имаше задача одделно да реферира за своите впечатоци од советска Русија и средбите што ги имавме со советските луѓе. А и да ја контролира мојата дејност, макар што тоа не се забележуваше од постапките на Монев кон мене“, пишува во своите мемоари познатиот македонски комунист и револуционер.

Влахов нагласува дека советската страна упорно настојувала да го придобие Александров иако била огорчена поради тоа што негови луѓе учествувале во задушувањето на Септемвриското востание на комунистите во Бугарија во 1923 година и убиле десетмина македонски револуционери, меѓу кои и Тодор Чопов, внук на Гоце Делчев. „И покрај оваа чудовишна жестокост пројавена од Александров и од неговите луѓе кон македонските револуционери, а и кон бугарските комунисти, и покрај силното неодобрување на овој акт од страна на советските претставници, на мое големо изненадување, тие продолжија да се стремат да воспостават тесни врски и блиска соработка со Александров. А и тој, од своја страна, продолжуваше да се стреми да не ги прекине врските со советските претставници“, пишува македонскиот револуционер. Тој истовремено истакнува дека таа упорност на болшевиците предизвикувала огорченост кај него и кај Димо Хаџи Димов, но поради длабоката верба во болшевиците, сметајќи дека тие постапуваат разумно и во полза на македонското ослободително движење, се согласил да прави се' што ќе побараат од него претставниците на СССР.

Иако Советите немале доверба во Тодор Александров, сепак, презеле се' за да го придобијат. Во еден извештај поместен во документите за македонското прашање во советската надворешна политика, подготвени од Владо Поповски и Лина Жила и објавени неодамна, стои дека односот на Т. Александров спрема Москва не може да се заснова врз искреност и дека тој според своите наклоности и својата насока секогаш бил близок само до буржоаските партии во Бугарија, и тоа до најреакционерните. „Неговите врски со бившиот цар Фердинанд и со неговата клика, и сега со цар Борис, се познати и неоспорни. Т. Александров секогаш беше орудие во рацете на бугарските влади за личните цели на оние што се на власт“, стои во извештајот, во кој посебно се нагласува дека лидерот на автономистичката ВМРО имал исклучителна способност на организатор и конспиратор, но истовремено бил „интелектуално ограничена личност, болно амбициозен и има хистерична желба за власт“.

Во извештајот се говори и за мотивите што го поттикнале Александров да бара и да се согласи на договор со советска Русија. Информаторот на Советите наведува две причини за тоа. „Прво, знаејќи, од една страна, дека поведението на бугарската компартија по превратот од 9 јуни не беше одобрено од Москва, тој мисли дека Москва може сега да смета повеќе на него отколку на партијата и, на тој начин, тој се надева да и' наштети на компартијата. Од друга страна, по паѓањето на режимот на Стамболиски, тој веќе нема против кого да конспирира во Бугарија, а во Србија сега не смее да преземе никаква акција. Освен тоа, има основа да се мисли дека владата на Цанков нема многу да ја смени политиката на Стамболиски кон Србија и, можеби, дури ќе се обиде да постигне спогодба врз основа на поделба на Македонија, и во овој случај, положбата на Александров ќе стане многу критична. И затоа чувството на самозачувување можело да го поттикне да бара нова поткрепа во лицето на советска Русија. Повторувам дека тоа е само мој впечаток за тоа дека една од овие причини би можела да го натера Александров да бара спогодба со Москва. Ако тој дејствувал од првата причина, веројатно бил инспириран од владата, а ако од втората, тогаш дејствувал од чисто егоистички побуди. Како и да е, како во првиот така и во вториот случај, не е можно да му се верува и треба највнимателно да се следи неговата идна дејност, и посебно тоа како се изјаснува неговиот однос спрема владата“, препорачува советскиот човек задолжен за состојбите на Балканот.

Сепак, Тодор Александров се откажал од Мајскиот манифест за кој долго време преговарал со Советите и бил потпишан од двајцата членови на ЦК на ВМРО, Петар Чаулев и Александар Протогеров, кои ги овластил да го потпишат и него? Кирил Прличев во своите спомени пишува дека по враќање на Александров и Протогеров во Софија, се сретнал со двајцата и, притоа, му признале дека биле немоќни да и' се спротивстават на силната болшевичка организација. „Насочени од концесиите што им ги давал претставникот на ЦК на ВМРО Влахов, поддржани од третиот продаден член на болшевизмот од истиот ЦК – Петар Чаулев, болшевиците од виенската централа ги ставиле Протогеров и Александров едноставно во безизлезна положба, така што не можеле да се откажат речиси од ништо од тоа што им го ветиле и веќе им го дале нивниот претставник Влахов и нивниот рамноправен член Чаулев“, подвлекува Прличев.

Истовремено, тој споменува едно писмо на Александров што му го испратил од Виена додека преговарале. Во него му пишувал дека за време на преговорите со Советите во главниот град на Австрија ги доживувал најтешки денови од неговиот живот. Кога Александров се вратил во Бугарија, а Влахов и Чаулев ги одбиле поканите и тие да дојдат во Софија да се сретнат со него , зашто сметале дека ќе бидат убиени, кога веќе биле објавени виенските документи со наредба потпишана лично од Сталин, Александров и Протогеров на 1 август 1924 година јавно се откажале од потписите.

Д-р Владо Поповски смета дека Манифестот и Декларацијата на ЦК на ВМРО донесена една недела пред него не произлегувале стриктно, од волјата на Александров и од карактерот на ВМРО и дека тие документи биле во видлив расчекор со карактерот на македонското движење и дека биле пренагласено комунистички. Тој смета дека Александров не бил задоволен од текстот на Мајскиот документ, кој отстапувал од инструкциите што Александров му ги давал на Димитар Влахов.

„Со фактот што Тодор Александров се повлекол од преговорите и што ги ополномоштил двајцата други членови на ЦК на ВМРО да се потпишат и во негово име, тој не им дал овластување во следниот виенски документ (во Манифестот) тие да ја изместат ВМРО од оската на нејзината политика и од средиштето на нејзиниот карактер. Меѓутоа, независно на тоа што Александров се надевал дека тие ќе ги исправат почетните и не толку фатални грешки и скршнувања направени во Декларацијата од 29 април 1924 година, тој и целиот ЦК на ВМРО станале заложници на советската и на бугарската комунистичка страна со самиот факт на потпишувањето на Манифестот од страна на двајцата членови на ЦК на ВМРО и со нивната ополномоштеност да го потпишат и Александрова.

Како што тврди Поповски, за таа намера Советите се послужиле со прилежноста на стариот социјалист и на новиот комунист Димитар Влахов, со вториот член на ЦК на ВМРО Петар Чаулев, приклонетиот и веќе длабоко приврзан за советските служби, кој во меѓувреме од многу причини станал критичар и противник на Александров, и со провокативниот политички итрец и трет член на ЦК на ВМРО, Александр Протогеров, кој кокетирал со комунистите, а им служел на бугарските воени кругови.

(продолжува)

 


#
Статијата е прочитана 2616 пати.

Испрати коментар

Од: Kultiviran Balkanec
Датум: 16.09.2009 00:36:37
Vistinskite izdajnici na makedonskoto delo se Petar Chaulev i Dimitar Vlahov, koi rabotele za interesite na Kominternata, koja sakala da go prezeme vodstvoto vo VMRO za da ja iskoristi Organizacijata za diganje na komunisitchki revolucii na Balkanot. Kako shto priznava istoricharot Dr. Popovski, Aleksandrov sorabotuval so izvesni politichki krugovi vo BG, no ja chuval samostojnosta i suverenosta na VMRO, a toa shto se chuvstvuval bugarin, bilo normalno vo toa vreme, izdajnici i izrodi bile togash, tie shto propagirale makedonska nacija, bidejkji toa bil koncept na Komintenata, razdeli pa vladej.
Од: Bern-CH
Датум: 16.09.2009 08:00:57
So ubistvoto na Todor Aleksandrov, propadna i mozhnosta za Makedonija, Shvajcarija na Balkanot. Blagodarenie na komunisti kako Dimitar Vlahov, koi slepo veruvaa na Stalin i Tito, makedoncite bea vovlecheni vo komunistichki revolucii vo Grcija i Jugoslavija, Posledicite gi chuvstvuvame i denes, nacija od 1.3 milioni bez izlez na more i bez potencijal sama da opstane.
Од: Aleksandar
Датум: 16.09.2009 09:12:27
Dosta so istoriski likovi,osobeno sporni kako Todor Aleksandrov.Ne vredi da se cepka tamu.Sekogas ke ima dve vistini za nego.Svrtetese kon idninata,kon vrednostite,demokratijata,kulturata,pismenosta,realnite pproblemi od tipot na korupcijata,partizacijata, nemoralnosta vo nasevo opstestvo itn itn itn
Од: Софија
Датум: 16.09.2009 09:31:55
Александров бил политички паразит и безрбетник, воопшто не му било гајле за Македонија и Македонскиот народ. Само сакал да стане нов диктатор од рангот на Метксас , Тито или бугаромонрхисите. Ист случај како Михајлов. Низок и подол човек кој не го сакал својот народ туку само себе.
Од: До: Kultiviran Balkanec
Датум: 16.09.2009 11:26:08
Тие што пропагирале Македонска нација, Сигурно не биле Бугарофилните BMRO! Тие обаче и денес си го истакнуваат Своето Бугарското потекло како Македонци! Ако не ви е јасно - 1944 година е создадена Македонската Држава! За Нејзиното Создавање најзаслужни се Македонските Комунисти од Партизанските Единици на НОВ на Југославија!! Едно е Сигурно, во создавањето не учествувале фашизоидно-Б`лгарските организации BMRO, Браник и Охрана, Иако, неколку нивни припадници се сместија во АСНОМ и првата македонска власт, под закрила на „народни пратеници“!
Од: Патриот
Датум: 16.09.2009 11:30:36
До т.н.Култивиран Балканец Не знам од која кујна, дали од бугарската шовинистичка или наша домашна изродничка ги добиваш инструкциите, но сеедно. Од тебе говори најзакоравениот средновековен бугарски шовинизам и империјализам за кого Македонија отсекогаш била скапоцен камен во круната и Македонците биле само проста маса која ви е погодна за манипулации и асимилација. Да те ра��очарам бидејќи ги напаѓаш и Гоце, Даме, Влахов, Мисирков и сите кои пројавиле македонска самосвест, Гоце рекол “тој што е за Бугарија, Грција и Србија може да биде само добар Бугарин, Грк или Србин но не и добар Македонец“. Или пак во списанието “Лоза“, кое вели во 1892 година: „сега и самиот Исус да се симне не може да го убеди Македонецот дека е Бугарин,Грк или Србин а не Македонец. Ти не си Македонец или си одроден Македонец. Свати дека вашата или било која пропаганда веќе не минува кај самосвесните МАКЕДОНЦИ.
Од: gragjanin
Датум: 16.09.2009 13:15:07
Tochno e toa shto go pishuva "Sofija" Aleksandrov bil najobichen ubiec, sebichen, prost i alchen chovek, koj ubival ako prestanesh da mu plakjash....mafijash!!! Narodot vo Strumica i strumichko proplakal od nego i negovite izvrshiteli. Kakva ideologija, kakva Makedonija, kakvi bakrachi!
Од: dzikovski
Датум: 16.09.2009 13:20:30
Komunistite si go odrabotija svoeto i tie se zasluzni za toa sto go imame ili nemame nie denes. A sto ke bese ako pobedese idejata na Aleksandrov ne se znae zosto taa ideja propadna zosto bese poslaba, kako sto i denes propadna komunizmot zosto bese poslab od drugite opcii. A toa deka nekoj se strami deka pripaga na nacija od 1,3 milioni narod e navistina negov problem. Jas sum gord Makedonec tokmu onakov kakov sto sum.
Од: Mi se gadi!
Датум: 16.09.2009 15:03:57
Е го читам овој убав фељтон (пофалби до новинарот!) и ми се гади од коментариве и ми е смачено од сите нив кои се сметаат за големи Македонци! 1) Го критикуваат новинарот кого требал да праша за мислење и не им е соодветен ниту Катарџиев ниту Поповски (а сигурно и други историчари ќе бидат повикани да дадат мисење во наредните броеви). Секој знае се, со прочитани 2-3 книги, а некогаш ни толку! 2) Сите коментатори мислат дека мора сега или да го обожуваме Александров или да го плукаме! А не им е јасно дека историските личности воопшто не се црно-бели! Што побрзо го сфатиме тоа, побрзо ќе се ослободиме од нашите фрустрации кои ги здобиваме обидувајќи се “праволински“ да се дефинираме “Од Неолита до Тита!“. 3) Уште повеќе пак со овие нови “конзервативци“ кои демек “сфатија“ кои се “лошите“ во овие замрсени игри од почетокот на 20век: демек Димитар Влахов и другите комунисти! Се сфатиле! Е па за тоа не не бива за ништо, само за да бидеме квази историчари сите топтан!
Од: slavco stanoev
Датум: 16.09.2009 16:45:07
Propagaat samo pogresnite ideologii i onie koi ke gi pregaze vremeto.Takva bila i taa na aleksandrov. Istorijata moze da ja tolkuva koj kako saka no za site vazni se faktite. Najgolem fakt e Republika Makedonija ,za golema zalost na onie koi sakaat da ja prisvojat i za nivnite platenici. Nistozen e predavnikot. Toj nemalo i zosto da se rodi.

Најди! во Утрински
Насловна
Бугарски пасоши за тројца спасувачи на туристите
Борба со идеи, а не со летоци
Русија ни ги прекина соништата за четврт-финале
Зденко
Oслободен киднапираниот син на бизнисменот Фатмир Етеми
Ребалансот - алиби на власта дека се бори со кризата
Темели среде Вардар
Дел Потро го симна Федерер од престолот во Њујорк
Соработка со Кина со стратегија, а не со демагогија
ЕЛЕМ и ЕВН повторно на суд
Донациите на медиумите за партиите мирисаат на корупција
Нема ни хигиена ни пари од Законот за јавна чистота
Ким Клајстерс
Карикатура