Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
ЕЛЕМ и ЕВН повторно на суд

Ќе има повторно судење, ЕЛЕМ, најверојатно, нема да ја повлече тужбата со која бара 160 милиони евра од ЕВН

Маја Томиќ


„ЕВН Македонија“ вчера официјално ја доби одлуката на Апелациониот суд за укинување на пресудата на Основен суд Скопје 2, со која компанијата треба да и' плати на државната ЕЛЕМ околу 160 милиони евра, со камати, кои се долг од неплатени побарувања од времето на некогашното „Електростопанство“. Пресудата на Основен суд 2 беше донесена во април годинава, а ЕВН набргу ја обжали до Апелација и потоа поднесе и тужба против Република Македонија на Арбитражниот суд во Вашингтон.

Медиумите известија за одлуката уште пред десет дена, но од ЕВН тогаш не сакаа да коментираат ништо, додека не ја добијат и официјално информацијата од Апелација. Но, и вчера од компанијата немаа коментар околу одлуката. И државната ЕЛЕМ вчера официјално ја прими апелациската одлука. И оттаму немаа никаков коментар во врска со неа.

Дознаваме дека судиите од Апелација донеле одлука за укинување на пресудата, затоа што констатирале дека при донесувањето на пресудата на Основен суд 2 , во корист на ЕЛЕМ, не се прочитал, односно не бил протолкуван како што треба начинот на отстапувањето на долгот. Односно, дека со Анекс-договорот меѓу двете компании, всушност, се затвора ненамирениот долг за струја што го имале потрошувачите кон ЕЛЕМ, а не кон ЕВН.

Сепак, според познавачите, ЕВН е само делумно задоволна од одлуката на Апелација донесена врз основа на нејзината жалба. Практично сега, според редот на нештата, предметот повторно се враќа во Основен суд 2, освен во случај ЕЛЕМ да реши да се повлече од тужбата. За такво нешто очигледно досега не се размислува во државната компанија. Тоа значи дека ќе има повторно судење, со најновите забелешки и препораки на Апелација. Терминот се' уште не им е познат на двете компании.

Новонастанатата ситуација не значи дека ЕВН ќе направи какви било промени или отстапки во врска со веќе поднесената тужба во Вашингтон, каде што започна да тече процедурата за спорот и каде што веќе е формиран трибуналот, велат наши извори. Дотолку повеќе што, како што е веќе познато, австриската ЕВН не ја тужи Македонија само за спорот со ЕЛЕМ, туку и за нарушување делови од Договорот за поттикнување на инвестициите меѓу Македонија и Австрија, како и за последните измени во Законот за енергетика, кои ја ставија во нерамноправна позицијата оваа компанија на пазарот, за разлика од бенефициите со кои се стекна државната ЕЛЕМ. За потсетување, во врска со измените неодамна реагираше и Брисел, од каде што и' беше препорачано на Владата да направи нов�� корекции. Владин тим од експерти ги подготвува корекциите на Законот, а дадениот рок до средината на месецов, е пролонгиран за уште две недели. Потоа, Владата треба да и' ги достави промените на Брисел. Што ќе се менува конкретно во законскиот текст, се' уште се држи во тајност.

Одлуката на Апелација, донесена речиси четири месеци по жалбата на ЕВН, како и прифаќањето да се менуваат делови од Законот, според познавачите на состојбите, може да се протолкува како омекнување на тврдиот однос на Владата спрема ЕВН. Целта е да се купи време и да се добијат поени пред меѓународната заедница, а во интерес на побрзо добивање датум на преговори за влез на земјава во ЕУ.

За потсетување, ЕЛЕМ со ланската тужба побарува од „ЕВН Македонија“ 6,5 милијарди денари или околу 106 милиони евра, што е речиси половината од парите за кои австриската компанија во април 2006 година го купи некогашно ЕСМ - 225 милиони евра. Тужбата е за долг, односно за нецелосно исплатени средства спрема ЕЛЕМ од наплатата на струјата, за периодот 1995-2004 година.
















#
Статијата е прочитана 830 пати.

Испрати коментар

Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.09.2009 07:40:04
ЕЛЕМ како да несака да ја свати пораката испратена преку судот.Надворешните влијателни чинители ја притиснаа владата да го реши овој бессмислен спор со ништо поткрепен.Таа го реши преку своето влијание во второстепениот суд.Ова говори колку е независно нашето судство и во првиот и во вториот случај и колку се оправдани критиките кон истата независност.Овде се ,,оградувам,, само уставниот суд е жив независен, тој е отпорен на партиски влијанија од ваква отпорност ти доаѓа да скубеш коси.
Од: Covek
Датум: 16.09.2009 10:06:29
Ima m samo edno prasanje, a toa e dali EVN gi opravduvate i koga seuste uporno so smetkite ni presmetuvaat i naplakaat zgolemena moknost vo visina od 33%.Flagranten primer na nepocituvanje na ovaa drzava.Da ne se lazeme, EVN e pod vlijanie na SDSM seuste, iza nivna zal, i ova e uste eden od metodite na nivniot pritisok vrz drzavata.Jas kako nepartiski primer, taka gledam na rabotite, i za zal sei plakam 33% ,oti se plasam deka evropskite demokratski institucii, kako EVN, ke mi ja isklucat strujata ako ne go cinam toa.A, nivnite investicii, koi i gi reklamiraat, gi pravat so nasi pari, no za toa vo druga moznost.
Од: drug covek
Датум: 16.09.2009 10:43:53
Sosema se soglasuvam so covek. evn e pod vlijanie na sdsm. samo se prasuvam dali sme svesni sto ke se sluci ako se ostvari idejata na sdsm pisana vo nivnata programa deka KE GO PRODADAT I ELEM, togas ke bide nasiot kraj, b idejki novite gazdi ke ja prodavaat strujata po pazarna cena a taa e najmalku 100 % POVISOKA. TESKO NAS NARODOT
Од: ekonomist
Датум: 16.09.2009 15:12:19
Dali gospodinot Cingoski ke gi kompenzira napravenite trosoci(od svoj dzep) bidejki bese siguren vo ispravnosta na podnesenata tuzba toa javno go izjavi. nas ni treba rabota i plata da bi gi pakale trosocite za ziveenjeto a ne subvencii za struja i slicno , na toa treba da se fokusiraat nasite politicari

Најди! во Утрински
Насловна
Контроверзиите и вистините за Тодор Александров (3)
Борба со идеи, а не со летоци
Русија ни ги прекина соништата за четврт-финале
Зденко
Бугарски пасоши за тројца спасувачи на туристите
Oслободен киднапираниот син на бизнисменот Фатмир Етеми
Ребалансот - алиби на власта дека се бори со кризата
Темели среде Вардар
Дел Потро го симна Федерер од престолот во Њујорк
Соработка со Кина со стратегија, а не со демагогија
Донациите на медиумите за партиите мирисаат на корупција
Нема ни хигиена ни пари од Законот за јавна чистота
Ким Клајстерс
Карикатура