Централната скопска општина во наредниве три години, ако не и повеќе, ќе биде големо градилиште кое ќе им го наруши секојдневјето на граѓаните. Поради изградба на „Око“, пешачката и велосипедската патека на кејот наместа веќе целосно се затворени, а повеќе од извесно е оти ќе се наруши и шемата на рибарите во Вардар. Најмалку седум месеци рибите во реката ќе ги вознемирува механизација што ќе ги гради двете фонтани.
Епицентарот на Скопје така ќе пулсира барем до 2012 година. Но, потоа ќе биде надграден и урбанистички и инфраструктурно, а згора на се' ќе има атрактивни објекти.
Малкумина не го кријат задоволството, особено премиерот Груевски, кој е убеден дека мостот ќе привлекува многу туристи. Таква иднина предвидуваат и за фонтаните, заборавајќи дека реката и досега беше „атракција“ преполна со пластични шишиња, каросерии, по некоја мрша...
До реализацијата на овие модернистички објекти (ни случајно да не заборавиме и на античките скулптури на мостот) поголема е веројатноста наскоро да бидеме сведоци на најатрактивно поставување камен-темелник. Не е за верување дека без Груевски ќе помине официјализирањето на изградбата на фонтаните. Па така, во исчекување сме дали премиерот ќе ги удри темелите на фонтаните од Камениот мост со помош на некакви софистицирани лопати или, пак, заедно со Тодоровиќ ќе облечат рибарски чизми за да влезат среде Вардар?! Можеби дури ќе мора да заплива и истовремено да покаже уште една своја спортска способност. Сите опции се во игра, па колку и да биле нереални.
Сепак, да бидеме сериозни. Навикнати сме Владата секојдневно да не' изненадува, независно од критиките во јавноста за чекорите што ги презема, особено на локално ниво.
Aman Despino!Ubavo ime,ama grdo pisuvanje.I jas imam kritichen odnos i kon nekoi postapki na ovaa vlada ama so cinizmov i perdevo ili nesto drugo? na ochite, vie(nekoi) od vashiot cenet vesnik preteruvate.
Од: Arhitekt
Датум: 16.09.2009 00:32:23
A so koj pari toa ke gradat?Pari nema, da ne se lazeme, a ova e samo manipulacija so lakoverniot narod deka nesto se pravi!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.09.2009 07:07:05
Од текстов неразбрав која е поголема грижа,дали расипување на комодитетот на рибарите или вознемирување на рибниот фонд(кој едвај егзистира од загаденост)каде со бучавата ќе се предизвика спонтани абортуси кај рибите.Изгледа се има недостаток на теми па се разглаба се и сешто.Место критика или пофалба за мостот од стручен аспект или за неговата потреба да или ние читаме текст во кој се разглаба лопатарското однесување на премиерот.Не сум против критика на премиерот но да не се повторувате и да несте банални.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 16.09.2009 08:29:15
И онака, на Водици, секоја година г. на квадрат владиката, фрла крст во водата, на Истото Место, а верниците се фрлаат во водата и пливаат, медиумите ја Пренесуваат Веста, а на Таблата со Големи Букви е напишано: ЗАБРАНЕТО КАПЕЊЕ! (!?). Најверојатно името на мостот потекнува од собраните пари во (борба против корупцијата) Змиско Око! Каков прекрасен споменик за напорите на бладата во борба со корупцијата! А можеби името е посветено на Пустата Желба да се прогласат себе си за Мајстори на Масонската Ложа? Нека не се залажува народов, овие „нашиве“ се само - Мајстори на Лоповската Ложа, од Прв Степен!
Од: Трпе
Датум: 16.09.2009 08:56:17
Нашава ЕПП влада е изгубена во просторот и времето.Креативните способности им се за никаде.Тие градат само кич до кич.Работат тоа што на мистер Рејтинг на сон ке му се сони.Мостот ќе биде интересен за странските туристи да гледат како изгледа една загадена река.Македонија ке биде туристичка дестинација.Е после нека каже некој дека ова неискусна влада не мисли да го развива туризамот.
Од: kole
Датум: 16.09.2009 09:39:51
За овој прост и примитвен народ тоа и му треба.... стави недоквакана дечурлана да ти води држава и ова ќе се случува... Наздравје Македонски народе, за тоа си гласаше.........
Од: bramoni
Датум: 16.09.2009 10:06:52
Аман Феликс, не е виновна новинарката што секој ден „свечено“ се фрла по некоја лопата, што не го прашаш Премиерот откај толку пари? За глупави, непотребни, примитивни потфати не еднаш, треба да се пишува трипати на ден, дури не му влезе во свеста (тиквите) на овој лековерен народ, дека тоа се прави со цел одвлекуванје на внимание од разнебитеноста, сиромаштијата и немањето идеи како да се излезе од ќорсокакот.
Од: Никола,Ср.
Датум: 16.09.2009 10:30:16
33 несериозни и само 4 сериозни новинарски реда!? Па драга Деспина, новинар ли си или комичар!? Јас ја разбирам силната верба на Утрински дека решенијата за Македонија се кај Бранко, но несериозна критика на сериозен градителски потфат е залудно потрошена хартија.
Од: arhitekt
Датум: 16.09.2009 11:07:21
Ona sto vo posledniov period mu se slucuva na centarot na Skopje so ovaa vlada najblago receno e eres. So se sto se planira i sto veke e izgradeno vo centarot na Skopje( spomen kukata na majka Tereza, skulpturite) i sto ke se gradi( spomenici, triumfalna porta, objekti) e edna golema arhitektonska i umetnicka kakafonija. Izgradbata na mostot "oko", a posebno fontanite vo rekata Vardar se posebna prikazna. Izgleda deka tie gospoda sto ke go pravat seto ova nitu gi procitale zakonite sto gi nosat samite , a najmalku gi pocituvaat!!!
Од: M-r.Ramadani
Датум: 16.09.2009 11:34:17
Dobro e koga se gradi,ajde ne kukajte sega pa vie komunjarite ,sramota e da pisuvate kaj ce bile temelite ,jas ne sum partiski nitu DUI uste pomalku VMRO aman da se kritikuva koga nekoj raboti stvarno ne zarbiram
Од: mio
Датум: 16.09.2009 11:59:14
za vreme na jugoslavija imase edna tv emisija trziliste gledajte. epa ovci edni sami si baravte sami si glasavte
Од: pero
Датум: 16.09.2009 12:59:56
Какви темели среде Вардар бре луѓе?????? Да не ја смени Грујо локацијата на црквата и да не ја гради среде Вардар????????????? Работава бидна Грујо и се е можно !!!!!?????
Од: tebe
Датум: 16.09.2009 14:16:56
pozdrav pdo vladata ke i pravi na skopjani avtopat za pesaci(oko,kameni most).neka izgradi avtopat strumica-veles em ke zema patarina ,ama za toa ke treba pari a ke ima efekt posle 3-4 godini a niv i tyreba nesto na kratok rok makar biloi mosce.napred skopje ale ale......