Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Епидемија на сипаници во Шутка и во Батинци

Во општината Шуто Оризари и во ромската населба во драчевското село Батинци вчера е прогласена епидемија на мали сипаници или морбили. Епидемијата е прогласена со еден ден задоцнување, зашто Републичкиот завод за здравствена заштита и скопскиот Завод за здравствена заштита не можеа да се усогласат во чија надлежност е официјализирањето на епидемијата. Сепак, на крај се установи дека во прашање е локална епидемија и затоа ја прогласи скопскиот Завод за здравствена заштита.

Засега се откриени пет случаи на заразени со мали сипаници, од кои четири се од ромското маало во Батинци, а еден е од Шуто Оризари. Констатирано е дека дел од инфицираните се во роднинска врска и дека не биле вакцинирани. Од заразените случаи четири се сместени на Клиниката за инфективни болести, а едно амбулантски се лекува. Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство пред два дена донесе ургентни мерки за спречување на заразата. Вакцинирани се 209 лица, и тоа на возраст од шест месеци до 51 година во ромското маало во село Батинци. (Ј.Ј.)


Статијата е прочитана 139 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Неготино доби галерија на виното
Отворен зелениот пазар во Куманово
Немажени и неженети ќе плаќаат данок на државата?!
ЛХБ банка ќе ја оспори лицитацијата на „Изгрев“
Проширен излезот на Гостивар кон Тетово
Индустриската зона „Жабени“ сага без крај
Гасната турбина „ита“ кон Скопје