Отворен зелениот пазар во Куманово
КУМАНОВО - Во Куманово е отворен зелениот пазар, а денес се очекува да проработи и добиточниот пазар во село Долно Којнаре.
„Успеавме да ги надминеме разликите меѓу Јавното претпријатие ’Пазариште’ и Државниот пазарен инспекторат во поглед на техничко-санитарното уредување“, изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.
Надлежните од Јавното претпријатие информираат дека е во тек и поставување ограда кај реонскиот пазар, на булеварот „Октомвриска револуција“. (Д.Р.) |