Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Индустриската зона „Жабени“ сага без крај

Тамам парите стигнаа на општинска сметка, од ЈП „Жабени“ најавуваат корекција на проектот

БИТОЛА - Индустриската зона „Жабени“ кај Битола од капитален проект на власта се претвори во сага без крај, обвинува битолската опозиција. Парите што ги вети Владата за зоната дури по две години го најдоа патот за Битола. Но, тамам стигнаа на адреса на општината, од ЈП „Жабени“ најавуваат дека е неопходна корекција на проектот.

Во општината велат ќе се менувала намената на парцелите за да се излезело во пресрет на барањата на инвеститорите. Во делот од зоната што се уредува сега немало потреба од административни згради како што предвидува првичниот проект. Наеднаш се јавила потреба од изградба на производствени хали.

Според проектантите, промената на планот ќе траела најмалку три месеци што за битолската опозиција е купување време на власта до локалните избори.

Три години од првите најави за зоната „Жабени“ теренот од сончогледово поле е претворен во делумно исколчена ораница, со купишта земја на која нема ни трага од градежни машини и комунална инфраструктура. Ова го тврди битолскиот советник од СДСМ, Златко Ќурчиевски.

„Симулирањето на активностите продолжуваат до денот на локалните избори. Градоначалникот на Битола почна индустриска зона во која не е можно да се градат производствени капацитети, туку само деловно-административни објекти. Ова го забележале во Министерството за транспорт и врски и побарале да се исправи грешката. Така, сега во наредните пет месеци треба да веруваме дека чиста случајност е што до изборите битолската јавност нема да дознае дали воопшто има интерес кај инвеститорите да купат парцела во зоната“, обвини Ќурчиевски.

Измените во Деталниот урбанистички план ќе бидат само мала корекција на постојниот проект, објаснува градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Овие промени немало да го попречат поставувањето на инфраструктурата во првите 20 хектари од зоната.

„Стручњаци сурегираа дека е многу добро да се прошири дејноста на зоната. Целта е да им се обезбедат поголеми услови на инвеститорите. Тоа ќе биде кратка постапка како дополнување на претходниот проект“, додава Талески.

Сепак, опозицијата е категорична дека малата корекција што сака да ја направи власта, всушност, е процедура како за нов проект што чини пари и време. Според битолскиот СДСМ, за овие пропусти некој треба да понесе одговорност.

„Со новиот Закон за урбанизам имаме обврска секоја локација да има стриктна намена. Парцелите што се уредуваат сега беа наменети за банки, хотели, а потенцијалните инвеститори бараат за производство. Корекцијата нема да ја чини општината воопшто пари. Единствено целата работа ќе се пролонгира за неколку месеци“, вели главниот проектант Јорго Шундовски.

Проблемите што се појавија околу индустриската зона „Жабени“ не го поматија задоволството на градоначалникот Талески, бидејќи парите од Владата, конечно, легнаа на општинска сметка. Тој јавно соопшти дека

покрај за електрификација, дел од 80 милиони денари ќе бидат искористени и за изградба на патни пристапи до зоната. Во оваа пренамена опозицијата наѕира можност за манипулација со средствата.

„Добро знаеме дека тие пари Владата ги намени исклучиво за електрификација на зоната. Новината е што градоначалникот сам зеде за право дел од тие пари да ги пренамени. Ќе градел пристапни патишта до зоната. Но, со оглед на тоа што проектот „Жабени“ до изборите ќе остане само на хартија, ова не е ништо чудно“, изјави советникот Ќурчиевски. (А.Б.)


Статијата е прочитана 392 пати.

Испрати коментар

Од: мене
Датум: 30.11.2008 08:17:45
Индустриската зона Жабени кога,тогаш ќе се доизгради.Во моментов работи како перална, ама не за автомобили,туку за пари. Уште кога ќе видите кој се е ангажиран околу неа се ви е појасно- махери од типот на Јорго Шунда, Трајче Котевски, Андријашевич.... Сетете се барем на еден ``проект``од овие големи ``градители``кој функционира.Нема таков. Индустриската зона Жабени ќе проработи,ќе биде тоа одлична фарма за жаби,змии и кркачи.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Неготино доби галерија на виното
Отворен зелениот пазар во Куманово
Немажени и неженети ќе плаќаат данок на државата?!
ЛХБ банка ќе ја оспори лицитацијата на „Изгрев“
Проширен излезот на Гостивар кон Тетово
Гасната турбина „ита“ кон Скопје
Епидемија на сипаници во Шутка и во Батинци