Број 2850  сабота, 29 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Македонија

Гасната турбина „ита“ кон Скопје

СТРУМИЦА - Гасната турбина „ита“ кон Скопје. Конвојот специјални возила за транспорт вчера без проблеми го помина патот од Струмица до Радовиш во должина од 25 километри. Неколкуте мали мостови на оваа делница брзо и лесно беа премостувани со шини. Во забрзување на транспортот помогнаа сончевото време и сувиот коловоз.

Специјалните и возилата за логистичка поддршка завчерашната ноќ ја поминаа кај раскрсницата што води до рудникот „Бучим“. За денес е планирано да се продолжи на патот до Штип.

Иако дефектот беше причина што неколку дена возилата заглавија пред Струмица, претставниците на турскиот транспортер тврдат дека не изгубиле многу време. Тие се оптимисти и очекуваат до 10 декември гасната турбина, тешка близу 600 тони, да ја транспортираат до целта - топланата „Скопје-Север“.

Специјалниот транспорт пред една недела тргна од меѓуграничниот простор кај Стар Дојран. Во придружба на тешкиот товар се педесет лица од Турција, Грција и Македонија. (Е.П.)


Статијата е прочитана 742 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Неготино доби галерија на виното
Отворен зелениот пазар во Куманово
Немажени и неженети ќе плаќаат данок на државата?!
ЛХБ банка ќе ја оспори лицитацијата на „Изгрев“
Проширен излезот на Гостивар кон Тетово
Индустриската зона „Жабени“ сага без крај
Епидемија на сипаници во Шутка и во Батинци