Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Спорт

Данките дочекаа да слават над Романија

Петгодишниот пост прекинат на ЕП во ракомет за жени, каде што домаќинот победи со 25:22

Данските ракометарки чекаа пет години на победа над Романија, совладувајќи ја со 25:22 во второто коло од групата А на 9. Европско првенство. Голема заслуга за тоа има исполнетата арена „Гигантиум“ во Олборг, која во текот на целиот натпревар му даваше бучна поддршка на кодомаќинот на шампионатот заедно со Норвешка, кој со овие три бода си обезбеди пласман во втората фаза.

Мечот почна совршено за Данска, чијшто средишен дел од одбраната на чело со Мете Мелгорд и Рике Сков успешно го попречуваше романскиот напад. Заедно со брзите контранапади и со ударите од далечина на Лине Јергенсен и на Лерке Мелер, Данките го контролираа поголемиот дел од првото полувреме. Но, Романките се вратија во игра со брилијантните потези на левиот бек Кристина Неагу, една од номинираните од ИХФ за ракометарка на годината во светот. За само три минути избраничките на Раду Воина израмнија и на одморот заминаа со минимална предност од 15:14.

По паузата блескаа двете голманки Карин Мортенсен и Паула Унгуреану, а продолжи и „танцот“ на Неагу, која ја заврши средбата со девет гола зад своето име. Домашната селекција се обиде да изненади преку крилата, од каде што важни погодоци постигнаа Аугустенсен и Нергорд, која беше најефикасна во победничкиот тим со седум гола. Тоа беше вистинскиот момент да се направи решавачки исчекор и Данките го сторија токму тоа - со серија од осум гола поведоа со 23:17 во 48 минута и до крајот четата на Јан Питлик рутински ја сочува предноста.

По стартниот пораз, вицешампионот Шпанија од ЕП 2008 во Македонија се врати на патот кон вториот круг на првенството, победувајќи ја Србија со 26:23. Идентично постапи и светскиот првак Русија, која ја совлада Хрватска со убедливи 30:24 во рамките на групата Б во Орхус, каде што Црна Гора ја прокнижи и втората победа, славејќи во пресметката на дебитантите против Исланд со 26:23.

Резултати и табели



Група А, второ коло: Србија - Шпанија 23:26, Романија - Данска 22:25. Табела: Данска 4, Романија 2, Шпанија 2, Србија 0. Последно коло, денеска: Романија - Србија (18,45 ч.), Шпанија - Данска (20,45 ч.).

Група Б, второ коло: Исланд - Црна Гора 23:26, Русија - Хрватска 30:24. Табела: Ц. Гора 4, Хрватска 2, Русија 2, Исланд 0. Последно коло, денеска: Русија - Исланд (18,15 ч.), Ц. Гора - Хрватска (20,15 ч.).


#
Статијата е прочитана 680 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Тотенхем сака да го дотепа ранетиот Челзи
Вардар про најавува реванш за Автокоманда
Ќиро Блажевиќ селектор на Кина за еден милион долари годишно
Јонуз
Андоновски се издвои на Скопје опен
Илиевски во Топ-16 на Евролига
Јотовски запрен во полуфиналето во Чиле
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency