Број 3454  сабота, 11 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил








Site Meter
Спорт

Вардар про најавува реванш за Автокоманда

Високиот пораз во првиот првенствен дуел сезонава дополнителен мотив пред дербито со Металург в недела во СРЦ „Кале“

Роберт Димитриевски

Вардар про посакува одмазда за поразот од 28:20 во Автокоманда, ветувајќи беспоштедна битка со лутиот ривал Металург в недела од 17,30 ч. во СРЦ „Кале“, за кога е закажано дербито на 13. коло во Вип Суперлигата. Со нов тренер од пред нецел месец, кога Црногорецот Перо Милошевиќ го презеде кормилото од Љубомир Савевски, засилен и со српскиот десен бек Драган Суџум, најуспешниот ракометен колектив во Македонија се надева на преземање на приматот од освојувачот на двојната круна почнувајќи токму од оваа средба. Во вториот од четирите меѓусебни дуели сезонава, кои директно ќе решаваат за титулата, црвено-црните влегуваат со победа од 31:22 пред 5.000 гледачи во Куманово и со поволен здравствен билтен.

„Среќа за македонскиот ракомет што има вакви мечеви. Имаме обврска да дадеме се' од себе против Металург, кого многу добро го познаваме, знаејќи дека со победа остануваме во трката за титулата“, вели Милошевиќ. „Два пати го гледавме заедно натпреварот во Автокоманда, како и нивниот меч со Иври. Се гледа дека се во голема форма и оти се искусна екипа што знае што сака“.

Човекот што ја одведе Црна Гора на Европското првенство 2008 во Норвешка прв пат ќе води екипа против трофејниот колега од спротивниот табор Лино Червар.

„Не сум имал дуел со него досега, бидејќи работев во Бахреин и во Италија. Имам целосен респект за Лино, но и брат да ми е ќе сторам се' за да го победам“, порачува Милошевиќ.

Расположен за надигрување е и голманот Борко Ристовски, кој во Вардар про дојде по четири сезони минати токму во Металург.

„Од прв до последен мораме да одиграме најдобро што знаеме, многу подобро отколку во Автокоманда. Двете титули што мината сезона ги освои Металург го прават фаворит, но ние сме подготвени за машка борба, што ги одликува овие натпревари. Очекувам добар меч, па нека победи подобриот“, вели Ристовски.

Чуварот на мрежата и на македонската репрезентација смета дека денес се сосем поинаков тим.

„По тренерската смена Вардар про е физички поподготвен и атмосферата е на повисоко ниво, но сето тоа треба да се покаже на теренот. Таму ќе го истуриме нашиот гнев од првиот натпревар, но со спортски средства, па ќе видиме“, додава тој.

Претседателот на клубот Михајло Михајловски поканил пријатели од Загреб и од Белград на овој меч и ќе предложи следните два да се одиграат во салата „Борис Трајковски“ поради големиот интерес. За овој дуел се пуштени во продажба 600 влезници по цена од 100 денари.


#
Статијата е прочитана 715 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Тотенхем сака да го дотепа ранетиот Челзи
Ќиро Блажевиќ селектор на Кина за еден милион долари годишно
Данките дочекаа да слават над Романија
Јонуз
Андоновски се издвои на Скопје опен
Илиевски во Топ-16 на Евролига
Јотовски запрен во полуфиналето во Чиле
 

Montenegro is officially awarded EU candidate status
Paris Agreement is contested on fifteenth anniversary
Hungary welcomes VIPs on board Danube ship during EU presidency