Број 3441  четврток, 25 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Колбе и Османли во трката за „Балканика“

Македонски претставници за високото литературно признание „Балканика“, кое се доделува за најдобро прозно дело на Балканот се романите: „Дваесет и првиот“ од Томислав Османли, издание на „Блесок“, кој е кандидат за 2009 година и „Жените Гаврилови“ од Кица Б. Колбе, издание на „Табернакул“ за 2008 година. Жирирањата за двете години ќе се одвиваат од денеска до 28 ноември во Валона, Албанија.

За „Балканика“ годинава ќе се натпреваруваат реномирани книжевни имиња на Балканот, меѓу кои е и Исмаил Кадаре, претставникот на Албанија, кој зад себе има номинација за Нобелова награда за литература.

За Томислав Османли особен предизвик претставува фактот што ќе биде национален претставник на ова високо признание, особено зашто во листата кандидати со кои ќе се соочи неговиот роман се исклучителни имиња кои, како што рече, секому чинат чест. „Без оглед што во листата се истакнати автори, како Исмаил Кадаре, кој самиот по себе е книжевник од голем габарит, би требало на човек да му се затресат книжевните коски кога ќе се соочи со таков еден бард на современата книжевност... Но, за среќна околност го сметам тоа што нема да се натпреваруваат книжевни величини, туку конкретни книжевни дела, што и на мојот роман му даваат можност да се соочи на еден респективен, па дури и надежен начин во доделувањето на наградата“, вели Османли.

Александар Прокопиев е член од Македонија во меѓународното жири кое ќе одлучува за добитниците на наградата и како што вели има намера „со бројни книжевни аргументи да се бори за двата македонски романа што конкурираат за наградата зашто овојпат учествуваме со комплексни, предизвикувачки, автентични, индивидуални и многу вредни книжевни дела.“ „Балканика“ станува исклучително престижна награда, потенцира Прокопиев, за што сведочи и годинашното учество на сериозни авторски имиња, како Срѓан Ваљаревиќ од Србија, Дејан Енев од Бугарија, Теодор Дамјан од Романија... Ова е доказ дека ’Балканика‘ се доближува до многу високо реноме и во моментов тоа е на��респектабилната балканска книжевна награда“, вели Прокопиев.

Издавачката куќа „Магор“, која е организатор на изборот на дело од македонски автор кој учествува во трката за најдобра книга на Балканот, романите на Османли и Колбе ги објави на англиски јазик.

Минатата година не се одржа жирирање и не беше избрано најдоброто балканско литературно дело за 2008 година поради здравствени проблеми на неколку членови на Фондацијата „Балканика“ - организаторот на настанот, со седиште во Бугарија. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 400 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Детска радост“ ја објави наградената поема од Милован Стефановски
Неблагодарно е денес да си уметник
Малиот драмски театар гостува во Лондон со претставата „Столови“
Се реставрираат бедемите на Арабати Баба-теќе во Тетово
Со секс против стравот и минливоста
Премиерни дела со Македонската филхармонија
 


Bosnia struggles to form state and entity governments
Bulgarian politicians caught in luxury phone trap
Thousands still missing from Yugoslavian wars