Број 3441  четврток, 25 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Седмиот печат

Со секс против стравот и минливоста

Сунчица Уневска

Хрватскиот филм „Нека остане меѓу нас“, кој го потпишува искусниот југословенски режисер Рајко Грлиќ, предизвика жестоки реакции во својата земја. Публиката и критиката, главно, се подели на две страни, на оние што го сакаат и што не го сакаат. Критиките најчесто беа насочени кон голотијата, кон смелоста да се проговори за паралелните животи во бракот и да се урнат табуата. Интересно е дека средина немаше, иако моето мислење се движи токму некаде на средина. Бидејќи, ако се отфрли лажното морализирање и дволичноста кога зборуваме за темите, останува суштината, која, рака на срце, е сосем просечна.

Грлиќ тргнува од многу едноставна приказна, од сосем познати и вообичаени ситуации и од сето она што е карактеристично за луѓе во средни години, во овој филм главно од средната и високата класа. Тоа е приказна за љубовта и за страста, поточно за вистинската страсна желба, која треба да биде и вентил, но и смисла што ќе ги оправда нашите стравови и очекувања. А тука, авторот прави една многу интересна палета на ликови.

Всушност, целата сторија во овој филм се врти околу пет лика, во чие средиште се наоѓаат двајцата браќа Никола (Мики Манојловиќ) и Брацо (Горан Навоец), сите поврзани меѓусебно со вистински хаос на врски, изневерувања, очекувања, па дури и деца кои не знаат кој им е вистинскиот татко. Но, колку што сите овие ликови се поврзани емотивно, сексуално, а понекогаш и бизарно, толку тие се поврзани и низ сите оние бегства и сомневања што ги носат длабоко во себе и кои во голема мера го одредуваат нивното однесување.

Секој лик во овој филм се претвора во олицетворение на одреден страв. Никола е болен и ужасно уплашен од смртта, додека неговиот помал брат Брацо, кој чувствува дека никому никогаш не му било гајле за него, е подготвен на се', уплашен дека никогаш и нема да биде вистински сакан. Ана Марија (Дарија Лоренци), сопругата на Никола, очајно посакува бебе, уплашена од самотијата, додека љубовницата на Никола, Латица (Наташа Дорчиќ), прави се' за да не биде напуштена. Поранешната сопруга на Брацо, инаку и поранешна девојка на Никола, Марта (Ксенија Маринковиќ), ужасно се плаши од стареењето и прави секакви лудости, само за да се чувствува млада.

Во целиот овој хаос, страста и експлозивните сексуални врски се одбрана од празнината и монотонијата, од недостатокот на мотив, на пулсирање, на нешто кое би ги разбудило сите сетила. И, што создава авторот? Создава илузија на љубов, илузија на припаѓање, на привлечност, создава илузија на животот. На моменти Грлиќ многу отворено си игра, прикажувајќи ги работите соголени, нашето секојдневје и сите оние моменти од кои е сочинет нашиот живот, во кој грчовито се обидуваме да го зачуваме она што го имаме. Грлиќ жестоко не' соочува со животот, со изминувањето на времето и трагикомедијата, која ни е потребна, за да мислиме дека имаме контрола и да се чувствуваме сигурно.

Тој сака да ја прикаже горчината, но со една иронија, носејќи ги работите до граница на комичност, иако во суштина е многу сериозен, особено во поглед на базата која ја сочинуваат ликовите и нивното соочување со минливоста и со барањето на смислата низ љубовта и страста. Но, токму тука настанува оној курцшлус, што резултира со неуверливост и исфорсираност, со ситуации и течение кои немаат спонтаност. Во нив, и покрај се', не можеме да се препознаеме.

Мики Манојловиќ како Никола, кој е инаку зависник од секс, го има истиот став како авторот и не остава впечаток на уверливост. Повеќе е над целата ситуација отколку во неа. Другите актери се далеку поуверливи, токму поради својата ранливост која ја внесуваат во своите ликови.

Нека остане меѓу нас, значи, дека не сакаме другите да не' видат, не сакаме да ги покажеме своите слабости и да бидеме она што сме, не сакаме да ни се разбие илузијата, како последен бедем што не брани од трагикомедијата. Што останува, споменот за тоа кој со кого бил? Тоа решение на авторот личи на некоја одмазда спрема сите маски што ги ставаме, иако поради целата мешаница околу овие пет лика, сето тоа изгледа многу тенденциозно. Целта на Грлиќ и не е да ја следи реалноста, туку со нејзиното искривување, да ни ја покаже трагикомедијата која самите од животот ја создаваме, па така изгледа и самиот филм, искривен и недоволно искрен иако користи многу типични ситуации. Па сепак, намерата го води во друг правец.


#
Статијата е прочитана 1092 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Детска радост“ ја објави наградената поема од Милован Стефановски
Неблагодарно е денес да си уметник
Малиот драмски театар гостува во Лондон со претставата „Столови“
Колбе и Османли во трката за „Балканика“
Се реставрираат бедемите на Арабати Баба-теќе во Тетово
Премиерни дела со Македонската филхармонија
 

Hungarian activists in line for a state shake up
EU reacts frostily to Serbia's Nobel boycott
Former Croatian Prime Minister flees from justice