Премиерни дела со Македонската филхармонија
Македонската филхармонија, вечерва во Домот на АРМ во 20 часот, ќе одржи симфониски концерт со кој ќе одбележи 66 години од формирањето на оркестарот. Концертот, кој ќе се одржи под диригентство на Борјан Цанев, е во рамките на „Есенските музички свечености“. Ќе бидат премиерно изведени три дела: „Марика мома убава“ за глас и симфониски оркестар оп. 128 (Омаж на Чајковски) од македонскиот композитор Томислав Зографски во кое како солист ќе настапи сопранот Гонца Богоромова, а со кое ќе се одбележат 75 години од раѓањето и 10 години од смртта на композиторот, потоа „Виулица“ од рускиот композитор Георги Свиридов, како и Концертот за оркестар од унгарскиот композитор Бела Барток. (Т.И.) |