Број 3441  четврток, 25 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Култура

Малиот драмски театар гостува во Лондон со претставата „Столови“

Битола - Бугарскиот актер Анастас Поп Димитров ќе биде вклучен во затворањето на манифестацијата „Македонски денови на културата“ во Лондон. Манифестацијата, всушност, свечено ќе се затвори на 28 ноември со претставата „Столови“ од Јонеско на Малиот драмски театар од Битола, а во која покрај актерот од Бугарија, игра и доајенот на македонското глумиште, Јоана Поповска.

Претставата „Столови“ на почетокот се играше како монодрама, а сега, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, добива нова форма.

На вчерашната прес-конференција, која се одржа по повод гостувањето на Мал драмски театар во Велика Британија, присуствуваше и актерот Поп Димитров, кој воедно е и директор на Националниот театар „Иван Вазов“ во Софија. Бугарскиот актер во претставата ќе зборува на македонски јазик.

„На прв поглед , бугарскиот и македонскиот јазик се блиски јазици, но, сепак. не е така. Тешко е, но со задоволство го правам ова. Ќе ми биде забавно кога моите колеги во Бугарија ќе ме гледаат како говорам на македонски“, рече Поп Димитров. „Ако еден врвен актер од Бугарија говори на македонски јазик, сигурно публиката нема да му забележи на акцентот. Тоа е наш голем плус“, рече Благоја Стефановски, творец на Мал драмски театар. „Театарот не познава јазични бариери“.

По премиерата во Лондон, претставата „Столови“ ќе гостува во Националниот театар во Софија, а ќе учествува и во одбележувањето на јубилејот - 100 години Кралски театар „Зетски дом“ во Цетиње. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 329 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
„Детска радост“ ја објави наградената поема од Милован Стефановски
Неблагодарно е денес да си уметник
Колбе и Османли во трката за „Балканика“
Се реставрираат бедемите на Арабати Баба-теќе во Тетово
Со секс против стравот и минливоста
Премиерни дела со Македонската филхармонија
 


Macedonians do not trust EU policy towards their country
Hungarian journalists awarded for courageous reporting
Macedonia's secret surveillance society