Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Одобрено вработување за тројца лекари

БИТОЛА - За битолската Клиничка болница е одобрено вработување на само тројца лекари. Оваа разочарувачка вест стаса во Битола по најавите од Министерството за здравство дека во Македонија ќе бидат вработени нови 200 лекари. На одлуката реагира Синдикатот на доктори при Клиничката болница, затоа што смета дека тоа е премалку, во однос на реалните потреби.

„Многу сме засегнати од одлуката на Министерството за здравство за три вработувања на лекари. Болницата доби нова опрема, но кој ќе работи со неа кога имаме малку специјалисти? До 2020 година дури 105 специјалисти ќе одат во пензија“, изјави претседателката на синдикатот, Тања Струмениковска-Ристевска.

Од болницата велат дека ќе побараат од Министерството за здравство да се преиспита одлуката. Неодамна, во Клиничката болница почна да пристигнува нова современа дијагностичко-терапевтска опрема од проектот на Владата, во вредност од пет милиони евра.

Од буџетот на битолската болница ќе се гради нов објект со површина од 260 квадратни метри, каде што ќе бидат сместени новата апаратура и коронарното одделение. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 858 пати.

Испрати коментар

Од: baban
Датум: 23.02.2011 13:25:30
Toa se vsusnost luge bez um. Oprema ima no nema koj da ja upotrebuuva. taka ke prodolzi se dodeka ne gi sotrijat site pacienti.
Од: cile
Датум: 23.02.2011 18:54:59
ajde ajde ako vrabotime lekari nema da ima zxa spomenici neli vmro vika ludjeto(pa i lekarite)ce umrele spomenicite ce ni ostanale...........

Најди! во Утрински
Македонија
Кочани ќе има централно греење
Болните остануваат на старата патека на движење
Украинците свртеа кругче во Скопје
Прилеп ќе добие пречистителна станица
Борис Трајковски бил убиен?
Детските забари останаа концесионери
Полицајци сведочеа против Душко Илиевски
Старата чаршија осветлена со фенери