Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Борис Трајковски бил убиен?

СТРУМИЦА - Седум години по авионската несреќа кај Мостар во која загина Борис Трајковски, неговиот брат-близнак Александар, вчера од Струмица прв пат јавно кажа дека претседателот бил ликвидиран. Сепак, не посочи кој го убил претседателот Трајковски.

„Тоа беше атентат и не е случајност. Претседателот е убиен, физички отстранет. Некому му пречеа неговата работа, искреност, успесите“, изјави вчера Александар Трајковски, брат на претседателот. Тој рече дека немал нови сознанија од истрагата што се води за овој случај. „Лани имав разговор со Андреа Грос и дотаму застанаа работите, повеќе нема“, додаде Трајковски.

Александар Трајковски вчера присуствуваше на испраќањето на планинарите од овој крај на традиционалниот марш од Струмица до Скопје, по повод седумгодишнината од смртта на Борис Трајковски. Тие в сабота треба да пристигнат на гробот на претседателот и да му оддадат почит. (Е.П.)


#
Статијата е прочитана 913 пати.

Испрати коментар

Од: daco
Датум: 23.02.2011 12:44:30
Toa i vrapcite go znaat,nee nikakva novost no za kakvo fajde?
Од: Silvester, Sidnej
Датум: 23.02.2011 13:18:11
Na zalost vo drzavava se slucija mnogu nesreki koi ostanaa nedokazani. Ova e vo sklop so nasiot mentalitet. Nitu sme zainteresirani da zavrsime edna rabota do kraj profesionalno. I atentatot na Gligorov, soobrakajkata na Jordan Mijalkov, ubistvoto na cela familija Mudinovi od Strumica, helikopterskata nesrekja 2007....nisto ne e dokazano. Pretsedatelot i delegacijata zaginaa i tolku. Od Mostar rekoa deka bilo pilotska greska. I tolku. E zatoa ne ne esapat drugite, zosto nie samite ne se cenime.

Најди! во Утрински
Македонија
Кочани ќе има централно греење
Болните остануваат на старата патека на движење
Украинците свртеа кругче во Скопје
Прилеп ќе добие пречистителна станица
Детските забари останаа концесионери
Полицајци сведочеа против Душко Илиевски
Старата чаршија осветлена со фенери
Одобрено вработување за тројца лекари