Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Украинците свртеа кругче во Скопје

Новите автобуси возат на линиите „3“, „4“, „5“, „7“, „15“, „16“, „19“, „22“ и „24“

Деспина Трајковска


Петнаесетте украински автобуси, конечно, ги запалија моторите, а од вчера сообраќаат по скопските улици на линиите „3“, „4“, „5“, „7“, „15“, „16“, „19“, „22“ и „24“. Честа да направат сефте на долгоочекуваните возила ја имаа премиерот Никола Груевски, придружуван од неколку министри, од градоначалникот Коце Трајановски и други функционери. Автобусот со првите патници заглави во метежот вообичаен за центарот, а за изненадување на премиерот, кој е навикнат на „чисти“ улици и експресно стасување до саканата дестинација.

Почетната станица беше паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“, а се симнаа на „Илинденска“. Пред да свртат крукче, првите патници ги промовираа возилата. Премиерот потенцира дека новите автобуси се само дел од планираните 302 што ги набавува Владата, за подобрување на јавниот превоз во Скопје.

„Она што пред неколку години беше само желба и сериозна потреба за ЈС�� ‘Скопје‘ станува реалност и почнува да се остварува. Новите автобуси полека, но сигурно ќе ги заменат старите, кои веќе неколку децении се дел од секојдневјето на илјадници граѓани што го користат јавниот градски сообраќај. Главниот град и неговите жители заслужуваат нов и современ јавен превоз, а сега лошата слика со стари автобуси почнува да избледува и Скопје полека добива ново лице“, рече вчера Груевски.

Овие автобуси се првата пратка од планираните 84 нископодни возила, кои Владата за 11 милиони евра ги договори со украински „Лаз“. Останатите 69 се очекуваат до крајот на годинава. Во случај Украинците да го пробијат рокот, ќе плаќаат пенали, како за сегашното доцнење од еден месец.

Автобусите се со препознатливата црвена боја, располагаат со ефикасен систем за греење и за ладење, имаат 28 седишта и 30 места за стоење. Потоа електронски информатор за граѓаните, дигитален тахограф за работа, автоматски менувач, електронска рампа за лица со посебни потреби... Опремени се со мотор што исполнува ЕКО 4 стандард што овозможува намалена емисија на издувни гасови и намалена потрошувачка на гориво.

„Иако се произведени во Украина, 70 отсто од деловите за автобуси се од германско производство“, дополни министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Подновата на возниот парк на ЈСП „Скопје“ по 20 години, не само што ќе значи поудобен и побрз превоз за корисниците туку бенефит ќе има и сообраќајното претпријатие.

Градоначалникот Трајановски истакна дека автобусите ќе придонесат за значителна заштеда на ЈСП за резервни делови, одржување и гориво. Истовремено, тие ќе влијаат и за заштита на животната средина.

Во наредниве три години ЈСП „Скопје“ планира да се поднови со 302 автобуса. Со украински 84 едноподни, 16 минибуси, чија набавка е во тек, и со 202 двокатни автобуса од Кина. Првите 68 даблдекери треба да стасаат годинава.


#
Статијата е прочитана 2792 пати.

Испрати коментар

Од: BRI
Датум: 23.02.2011 12:19:52
LITERATURNO MAKEDONSKI SE PISUVA крукче A NE кругче (PRAVILO ZA EDNACENJE PO ZVUCNOST)
Од: Луда Мара
Датум: 23.02.2011 13:58:44
Ете му решение на Коцкица!Место со прескапиот „Мерцедес“од неколку стотици илјади евра,на кој навикнал да се вози во селото,ете му градски автобус,па нека се вози до бесвест!Повторно ќе кажам,сосема е нормално во Германија да се возите со „Мерцедес“„Опел“„БМВ“„Фолксваген“...��ие ги произведуваат овие возила,па затоа најдобро би било и „нашите“новосоздадени дами и господа да се возат со она што се произведува тука: Опинци!
Од: mark
Датум: 23.02.2011 14:37:39
Vozi Misko so vrzani oci Grujo go odvrza keseto prodade nivi i 3 stana i na skopjani im kupi avtobusi ,
Од: kango
Датум: 23.02.2011 23:31:38
до кога само со државни пари кои се збираат од сите граѓани на Рм ке се ивестира само во Скопје,а другите градови ке тенат во сиромаштија и никакво вложување и ке бараат спас во вадење Бугарски Пасоши и бегање надвор од државава кога нема иднина во тие градови па нека биде и името - Р Македонија ( Скопје )
Од: Дони
Датум: 24.02.2011 03:47:04
Да требаше нашите политичари да користат јавен превоз, одамна ќе имавме нови автобуси, а можеби и трамвај или тролејбус. Вака за нив мерцедеси, а нам ни преостанува да се радуваме на првите 15 автобуси. Со среќа!
Од: bojan
Датум: 24.02.2011 07:13:33
Абре овија автобуси се ДВОКАТНИ или ТРОКАТНИ?????????????

Најди! во Утрински
Македонија
Кочани ќе има централно греење
Болните остануваат на старата патека на движење
Прилеп ќе добие пречистителна станица
Борис Трајковски бил убиен?
Детските забари останаа концесионери
Полицајци сведочеа против Душко Илиевски
Старата чаршија осветлена со фенери
Одобрено вработување за тројца лекари