Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Детските забари останаа концесионери

Добија повеќе ветувања, но не се вратија во јавното здравство

БИТОЛА - Детските забари од Битола никако да се вратат во јавното здравство. Власта веќе четири години го тренира трпението на двесетина стоматолози за деца од Битола, кои се' уште се концесионери. И покрај одлуките на неколку министерства и личното ветување на премиерот Никола Груевски, статусот никако да им се реши.

Годинава забарите добија уште едно ветување од министерот за здравство, дека неправдата ќе се исправи во април. Стоматолозите стравуваат дека повторно ќе бидат заборавени, со новата политичка клима и најавата за парламентарни избори.

За разлика од Прилеп, каде што детските забари воопшто не се приватизираа, стоматолозите од Битола се жалат дека со години се на работ на егзистенција.

„Работиме со деца, ставаме пломба за 300 денари, нема шанса вака да преживееме. Воопшто не е исплатливо. Досега ги приватизираа сите стоматолози, а нас во Битола не' заборавија“, изјави Билјана Дафкова, детски стоматолог.

Стоматолзите твр��ат дека уште од лани постои одлука на Владата тие да се вратат во јавното здравство, но остана само на хартија.

„На таа одлука се потпишани министрите за здравство и за финансии, ама ништо од тоа не се реализира. Веќе четири години не можеме да се вратиме во јавното здравство“, се пожали Бети Крстановска, стоматолог.

Тие сметаат дека нивниот статус треба да се реши онака како што е регулирано кај другите стоматолози, орални хирурзи и протетичари, со пакет услуги и со однапред одредена сума пари.

Министерот за здравство, Бујар Османи кажа дека детските стоматолози во Битола се колатерални жртви и дека затоа решиле да ја исправат неправдата направена со реформите. „Ќе ги рехабилитираме и ќе ги вратиме во јавното здравство, до утврдување на новата фискална година на здравствените установи. Тоа значи до април“, кажа Османи. Нерешена ситуација како во Битола имаат и детските соматолози во Велес и во Охрид. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 427 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Македонија
Кочани ќе има централно греење
Болните остануваат на ст��рата патека на движење
Украинците свртеа кругче во Скопје
Прилеп ќе добие пречистителна станица
Борис Трајковски бил убиен?
Полицајци сведочеа против Душко Илиевски
Старата чаршија осветлена со фенери
Одобрено вработување за тројца лекари