Број 3514  среда, 23 февруари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Македонија

Полицајци сведочеа против Душко Илиевски

БИТОЛА - Полициски службеници од СВР - Битола вчера сведочеа против Душко Илиевски во процес во кој МВР го тужи фармерот за навреда и омаловажување на премиерот Никола Груевски. Илиевски е обвинет затоа што за време на протестите по пропаѓањето на „Сведмилк“ лепел плакати по бандерите со ликот на премиерот, на кои пишувало „Кражба во 100 чекори“.

Одбраната на фармерот најавува дека по втор пат ќе побара од судот во Битола како сведок да се појави Груевски и да каже зошто се почувствувал омаловажен. Битолскиот суд еднаш го одби ваквото барање. Првично, Илиевски е казнет со 400 евра за ова дело, но по жалбата, Апелациониот суд го врати предметот на повторно разгледување во првостепениот суд.

„Со ова Апелација потврди дека нема дело омаловажување и дека фармерот Душко не е виновен. За жал, овој случај е само еден од многуте во кој се загрозени човековите права преку притисоци од власта врз судството. Вака власта ги шиканира неистомислениците“, рече адвокатот Борис Кондарко.

Покрај овој прекршочен процес, против Илиевски се води и кривичен за наводно одгледување марихуана во нива со компири. Обвинети се Душко, неговиот татко Томе и брат му Цане Илиевски. Судењето беше одложено. „Груевски изгледа се плаши од мене, земјоделецот и пропаднатиот млекар. Затоа постојано вади афери за моето семејство. Полицајците што сведочеа на ништо не се сеќаваат, се' што кажаа беше истресено од ракав“, изјави Душко Илиевски. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 868 пати.

Испрати коментар

Од: prijatel
Датум: 23.02.2011 14:19:22
Е Грујо,Грујо што дочека да тужиш една селска измачена душа,срамота ке земеш пари од устите на тие мали дечиња што ги има Дуско- млекарот.
Од: bitola troa skolovan
Датум: 23.02.2011 16:59:20
Vo celata rasamonijada so ovaj covek na televizija vidov i toa kade sto mu go najdoa "kuburot za zol cas" a vo negovota opstina kade se site samo so kubur za zol cas pobeduva partijata koja im go pravi toa.Zalosno sto od toa selo e eden erbap sto ne trpel vakvi raboti Dimce Mogilceto.
Од: mkd
Датум: 23.02.2011 17:00:05
parolata se dokaza tocna,ama ako stavime slika so bc treba da pisuva'lazenje i kradene bez kraj' nemame politicar koj ke ukrade i ke rece DOSTA MI E
Од: kole
Датум: 24.02.2011 07:10:46
Кражба во 100 чекори..........па вистина беше кражба бре луѓе???? Може ли некој тоа да го порекне освен Латас и неговите истомисленици??????

Најди! во Утрински
Македонија
Кочани ќе има централно греење
Болните остануваат на старата патека на движење
Украинците свртеа кругче во Скопје
Прилеп ќе добие пречистителна станица
Борис Трајковски бил убиен?
Детските забари останаа концесионери
Старата чаршија осветлена со фенери
Одобрено вработување за тројца лекари