Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Танцот е универзален јазик

Македонскиот центар на Интернационалниот театарски институт ИТИ – УНЕСКО, по повод Меѓународниот ден на танцот, 29 април 2010 година, традиционално одбележувајќи ги високите цели и идеали на светското танцово семејство и асоцијациите на современиот танцов театар ја упати Меѓународната порака од Хулио Бока (Јулио Боцца, 1967), балетски танчер од Аргентина, еден од најзначајните и најнаградувани танчери на последната деценија на дваесеттиот век.

Во пораката на Бока, меѓу другото се вели: „Танцот е дисциплина, работа, учење, комуникација. Со него заштедуваме зборови кои можеби некои луѓе нема да ги разберат, а за возврат создаваме универзален јазик, разбирлив за сите.

Танцот ни пружа задоволство, не прави да бидеме слободни и ни дава утеха, за невозмножноста да летнеме како птиците и да се приближиме до небото, до светото, до бесконечното. Тоа е возвишена уметност, секогаш различна и толку многу наликува на водењето љубов, така што после секоја претстава не остава со срце кое силно бие, нестрпливи повторно да сме тука за наредената претстава“. (Н.П.)


#
Статијата е прочитана 189 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Графика на Рембрант за 65 години „Остен“
„Дисциплина кичме“ ќе го затвори Скопскиот филмски фестивал
Откриени коските на Караваџо, но не и неговата судбина
Гран-при за штипска „Бегалка“ на „Страда маестра“
„Мисија Лондон“ во септември во Скопје
Дела со св. Климент го исполнија Отвореното графичко студио