Број 3270  четврток, 29 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Гран-при за штипска „Бегалка“ на „Страда маестра“

Штип - Култната претстава„Бегалка“ на Штипскиот театар, која веќе три години е најизвозуваниот штипски културен производ, е добитник на највисокото признание за театарско остварување на интернационалниот театарски фестивал „Страда маестра“ во италијанскиот град Лече. Уметничкиот совет на фестивалот, за највисокото признание кое го доби штипскиот театар, беше известен вчера. Во известувањето стои дека „Бегалка“, таа сага за македонските Ромео и Јулија, е најдобра меѓународна продукција во театарска сезона на фестивалот, која трае од 7 ноември до 25 април, секоја година.

„Претставата се одликува со извонредна актерска сила на уметничкиот колектив, со голема длабочина и зрелост, со современа режија способна со голема вештина и сценска рамнотежа да создава Брехтовски театар од друг тематски јазик“, стои во дописот од Лече. На вчерашната прес - конференција организирана по повод овој убав настан, говореа режисерот Дејан Пројковски и повеќемина од актерската екипа. Пројковски појасни дека се работи за интернационален фестивал на кој, секоја година, се претставуваат нови јазици и култури.

„Годинава на фестивалот учествуваа претстави од десет земји кои беа изведени на десет различни јазици, со симултан превод за публиката. Публиката која го исполни театарот во Лече, не испрати со големи аплаузи и со укажување дека претставата им ја пренела пораката за универзалните прашања на денешницата, колку човекот е вистински слободен, колку има право на слободен избор, дали по бараните одговори човекот треба да помине извесно физичко растојание или сите одговори на сите прашања да ги бара длабоко во себе, во своето срце“, рече Пројковски.

Сања Арсовска, Владимир Тулиев и Рујиш Беговска, носители на главните улоги изјавија дека Италијанците претставата ја изгледале во еден здив и дека по нејзиното завршување голем број од нив, им пришле и лично им честитале за маестралната режија и улогите. „Бегалка“, од моментот кога пред три години беше поставена на сцената на Штипскиот народен театар постојано освојува највисоки признанија.

Во 2008 година таа стана апсолутен победник на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп а со награди се врати и од меѓународните театарски фестивали во Србија и Албанија. Во претставата играат Рујиш Беговска, Владимир Тулиев, Сања Арсовска, Пеце Ристевски, Миле Вртеовски, Милорад Ангелов, Кристина Атанасова-Арсовска и Валентина Георгиевска. (И.Б.)


#
Статијата е прочитана 192 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Графика на Рембрант за 65 години „Остен“
„Дисциплина кичме“ ќе го затвори Скопскиот филмски фестивал
Откриени коските на Караваџо, но не и неговата судбина
Танцот е универзален јазик
„Мисија Лондон“ во септември во Скопје
Дела со св. Климент го исполнија Отвореното графичко студио