Фудбалски вести
Реал Мадрид објави полугодишен профит од 65 милиони евра!
Дека Реал М. добро и оддолева на светската криза покажува финансискиот извештај на управата на клубот, во кој се вели дека во последните шест месеци од 2008 година остварен е профит од 65 милиони евра, пред оданочувањето. На сметката на клубот на 31 декември 2008 година лежеле 54 милиони евра, што е за 34 милиони повеќе отколку година дена пред тоа. Управата предвидува дека во блиска иднина сумата на сметката ќе изнесува 80 милиони евра. Најголемиот дел од приходите Реал М. ги остварил од искористување на медиумските права и заштитните знакови, што вклучува се од спортска опрема со клупскиот грб, разни сувенири со ликови на играчите, како и преноси и снимки од натпреварите. Приходите од овие ставки во последните години пораснале за 11 отсто и изнесуваат фантастични 407 милиони евра.
Перез му Ја понудил на АнЧелоти клупата и 300 милиони!
Тренерот на Милан, Карло Анчелоти, се сретнал со потенцијалниот нов претседател на Реал М Флорентино Перез, со кого постигнал начален договор на лето да се пресели во Мадрид, каде на располагање ќе има неверојатни 300 милиони евра за засилувања!
Како што пренесува „Тутоспорт“ Перес и Анчелоти се сретнале во Женева, а покрај менито и разноразните специјалитети на столот пред италијанскиот стручњак се нашол тригодишен договор вреден 15 милиони евра по сезона. Перез, како што е познато, во својот претседателски мандат сака да ги види во тимот Кака, Роналдо, Џерар, Бензема, за кој е подготвен да ги издвои кажаните 300 милиони евра. Претседателските избори ќе бидат одржани во мај, а Перез веќе го водеше клубот кога на „Бернабе“ дојдоа Зидан, Роналдо, Бекам, Овен и Робињо, а освои две титули првак на Шпанија и за сега последната титула првак на Европа.
Пеле: Погрешно ме интерпретираа, Робињо не се дрогира
Легендата на бразилскиот и светски фудбал Пеле рече дека неговата изјава за Робињо погрешно е интерпретирана, односно дека не кажал дека напаѓачот на Манчестер Сити користи кокаин. Медиумите во Бразил пишуваат дека Пеле се уплашил од заканите на Робињо дека Пеле своите изјави ќе треба да ги докаже на суд.
„Робињо е наш син и порасна во Сантос, каде имаше големо внимание. Веста е погрешно пренесена и знам како им е на оние кои мораат да ги продадат весниците. Нека се преслуша пак касетата и ќе се види што сум кажал“, изјави Пеле.
Треба ли Интер да го продаде Ибрахимовиќ?
Златан Ибрахимовиќ посакува титула во Лигата на шампиони, но со Интер тешко му оди во реализација на желбата. Шведскиот волшебник постигна 19 голови на италијанската сцена сезонава, но мораше да се задоволи со само еден гол во ЛШ (против Вердер) и елиминација од Јунајтед. Тренерот Жозе МУрињо бара време за неговиот тим да биде на врвот на Европа. „Барам три години работа со млади, а предизвикот веднаш го прифаќам само со четири класни засилувања. Патиштата се различни, но подеднакво атрактивни. Се зборува за Мурињо кој можеби заминува од Интер, зашто никој не пишува дека би можел да останам четири, пет години. Истата приказна важаи и за Ибрахимовиќ“, коментира Мурињо за се погласните шпекулации дека шведскиот напаѓач ќе си замине.
Италијанските новинари се забавуваат и веќе му ја нудат на Мурињо филозофијата на Фергусон. Тој го продаде Ван Нистелрој во Реал М во 2006 година по најдобрата сезона (35 меча, 21 гол), како што во 2003 година го замени Бекам со Кристијано Роналдо. Јунајтед без нив стана најсилен тим во светот.
Што може да направи Мурињо со 100 милиони евра, колку што е вредноста на Ибрахимовиќ? Би можел да направи тотално нов тим, велат италијанските новинари. „Би можел да го купи младиот Афелаи од ПСВ (20 милиони), Бензема (45 милиони), Тевез илио Агуеро (45 милиони), па уште 15 млн. за Карваљо. И би останале уште 20...Нудат и друга варијанта - Есиен и Дрогба (35 и 20 милиони), па Диего од Вердер (25 милиони). |