Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

СТИЛ

Шест медали за македонските филателисти

Македонските филателисти со своите тематски колекции се' почесто го привлекуваат вниманието на меѓународната сцена. Од последните две меѓународни изложби се вратија дури со шест медали, два сребрени и четири бронзени, што е голем успех.

На најголемата светска изложба „Випа 08“, која се одржа во Виена и на која 2.000 филателисти од целиот свет ги претставија своите колекции, во мошне силна конкуренција освоија два бронзени медали, што е најголем успех на колекционерите на марки од нашата држава досега.

Бронзен медал му припадна на Стеван Савевски, инаку претседател на Сојузот на филателистите на Македонија, за тематската колекција „Руската аерофилателија 1923-35“.

Со ист медал се закити и Зоран Младеновиќ со темата „Божидар Јакац“, посветена на познатиот словенечки сликар, познат по многубројните портрети на Тито и другите познати личности на марките во поранешна Југославија.

Специјални дипломи за исклучително интересни колекции што се доделуваат во мошне мал број добија и Климе Поповски за колекцијата „Св. Кирил и Методиј“, Димитар Свирков за „Есперанто и мечување“ и Синиша Павлески за збирката „Петли“.

Но, тоа не е се'. На тукушто завршената меѓународна изложба „Монтенегрофила“ во Подгорица освоија уште четири медала, два сребрени и два бронзени.

Со сребрен медал се вратија Горан Чуруковски за својата прекрасна колекција „Јаболка“ и Синиша Павлевски за „Папагали“.

Со бронзен медал беа наградени колекциите на Димитар Свирков за марките посветени на Мајка Тереза и на Климе Поповски - „Македонија низ векови“. (М.М.)


Статијата е прочитана 307 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Не мора да сум ѕвезда, сакам да сум најдобар на сцената
ВИП
Влатко Лозановски - најуспешен меѓу дебитантите
Синди Мекејн и Мишел Обама во битка за прва дама на САД
„Октоберфест“ во Скопје
Групата со нов видеозапис „Сам легнувам“