Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

„МАКФЕСТ“

Влатко Лозановски - најуспешен меѓу дебитантите

Младиот пејач Влатко Лозановски е најуспешниот дебитант во вечерта посветена на младите надежи на 23. издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, што се одржува од 9 до 11 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Лозановски освои најмногу гласови од публиката и од меѓународно турско-италијанско жири, благодарение на интерпретација на песната „Времето да застане“, чиј комплетен автор е Хари Котларовски. Второто место им припадна на „Патници“ и песната „Замисли“, додека како третопласирани завршија близнаците од бендот „Некст тајм“.

Наместо пет дебитанти, жири-комисијата одлучи да им даде шанса на шест млади надежи, меѓу кои се најдоа и Диме Петров, групата „Игуана“ и Емилија Гиевска.

Веднаш по дебитантската вечер, на сцената на „Макфест“ се одржа и првата полуфинална вечер, а виза за големото финале добија Дани и Влатко, Роберт Билбилов, Јоце Панов, Александра Пилева, „Игуана“, Моника и „Паркети“. По вчерашната втора полуфинална вечер на која настапија ДНК и Врчак, „Некст тајм“, „Патници“, Влатко Лозаноски, „Браво бенд“, Андријана Јаневска, Искра Трпева, Филип Јордановски, Мијата, Мартина, Ноне и Бојан Маровиќ, „Пумперс“, Стефан Величковски, Деана Николовска, Наташа Малинкова и Фани, денеска на ред е финалето на кое ќе биде познат победникот на 23. издание на „Макфест“.

Директен пренос од сите фестивалски вечери се емитува на првата програма на МТВ, а како водител стандардно ја гледаме Вера Јанковиќ.


Статијата е прочитана 1098 пати.

Испрати коментар

Од: coli
Датум: 11.10.2008 14:36:11
Makfest festivalot kako na Erotic-Fest....site peacki razgoleni.....uraaaaaaaaaaaaa

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Не мора да сум ѕвезда, сакам да сум најдобар на сцената
ВИП
Синди Мекејн и Мишел Обама во битка за прва дама на САД
„Октоберфест“ во Скопје
Шест медали за македонските филателисти
Групата со нов видеозапис „Сам легнувам“