Број 2809  сабота, 11 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Забава

СТИЛ

ВИП

Не заоѓај „Зајди, зајди“! Зоран Џорлев, најшироко познат како „момчето со виолината“, на учениците во Средното музичко училиште како директор, а од летово како уредник и водител на емисијата за фолклор на Алфа ТВ „Зајди, зајди“, се чини како постојано да е во „спасувачка мисија“. Очигледно ја има целосната поддршка на Виолета Томовска во задржувањето на вистинската вредност на македонската народна песна или во спасувањето на духот на „Зајди, зајди“.

Неутрална тема Може ли некогаш политичарите да најдат неутрална тема? Или може да се скараат дури и кога прават муабет за времето? Вештината на вистинските политичари, всушност, е секоја жешка тема да ја направат „неутрална“. Првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, и европратеникот Ерван Фуере, се чини, имаат долго искуство во правење „неутрални теми“. Прашањето е кому му успева најдолго да остане „неутрален“?

Упад во сценариото Да се биде на концертот во спомен на непрежалената македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, на 5 октомври годинава, беше привилегија, дури и да се отстојат пет часа. А појавата на сцената - особена чест. Весна Бејби Петрушевска - Тренковски за таа чест се „избори“ во последен момент, со „упад во сценариото“, според „доверливи извори“, со интервенција на највисоко ниво. Вистина или само трач? Можеби фотографијава го дава одговорот!

Културни муабети Воопшто не станува збор за дипломатско - консултативна средба, ниту за информативен разговор, иако е на ниво министер - амбасадор. Но, Елизабета Канческа - Милевска е министерка за култура на Република Македонија, додека Зафир Хаџиманов е амбасадор на културата на Македонија во Република Србија. Според тоа, муабетите се чисто и единствено - културни.


Статијата е прочитана 851 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Не мора да сум ѕвезда, сакам да сум најдобар на сцената
Влатко Лозановски - најуспешен меѓу дебитантите
Синди Мекејн и Мишел Обама во битка за прва дама на САД
„Октоберфест“ во Скопје
Шест медали за македонските филателисти
Групата со нов видеозапис „Сам легнувам“