„СИНТЕЗИС“

Групата со нов видеозапис „Сам легнувам“
„Сам легнувам“ е насловот на новиот видеозапис на групата „Синтезис“, кој ќе биде промовиран во вторник (14 октомври), во 11 часот, во просториите на Стопанската комора во Скопје. Станува збор за тема од најновиот албум „Идентитет“, која, всушност, е стара македонска песна што потекнува од источниот крај на Македонија и, најверојатно, е стара 250 години. Станува збор за балада, но со малку побрз ритам и љубовна тематика. Записот е снимен на неколку локации во Охрид, а продукцијата е на „Кумев брадрс“. |