Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Спорт

Главните ѕвезди во осминафиналето во Торонто

Вториот ден од дуелите од второто коло од серијата Мастерс-1000 во Торонто мина без изненадувања. Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мари минаа натаму без загубен сет иако не може да се каже дека стигнаа лесно до победите.

Во својот прв настап по освојувањето на втората титула во Вимблдон, најдобриот светски тенисер Рафаел Надал оствари победа против незгодниот Швајцарец Станислав Вавринка - 7:6 (12) и 6:3.

Во првиот сет кој траеше дури 92. минути, Шпанецот направи 27 неизнудени грешки и не личеше на прв светски рекет. При 4:5 ја спаси првата сет-топка на Вавринка, а во најдолгиот тај-брејк во својата кариера уште четири пред со 13:12 да ја реализира својата четврта сет-топка.

Во вториот сет освојувачот на канадскиот Мастерс од 2005 и 2008 година брзо стигна до 4:1 и со многу помалку проблеми го заврши мечот, зголемувајќи го водството против Вавринка на 6:0. Во осминафиналето Надал ќе игра против јужноафриканскиот квалификант Сем Андерсон, кој во три сета го изненади 16. носител Американецот Сем Квери.

Победникот од 2007 година Новак Ѓоковиќ за противник го имаше Французинот Жулијен Бенето со кој во претходните мечеви знаеше да се мачи. Иако четири пати го загуби својот сервис, овојпат запиша победа без загубен сет - 7:5, 7:5. Сепак, малку недостасуваше Ѓоковиќ поради топлото време кое му го отежнуваше дишењето да го предаде мечот.

„Никогаш нема да го ризикувам своето здравје за да победам“, изјави Ѓоковиќ по мечот потврдувајќи дека во еден момент бил на прагот да предаде. Во осминафиналето Србинот ќе игра против Романецот Виктор Ханеску кој ја исфрли последната домашна надеж Петер Полански.

Уште потежок противник во осминафиналто ќе има бранителот на титулата Енди Мари, кој го совлада Хавиер Малиш со 7:5 и 6:2. Третиот носител освои десет од последните 12 гема откако Белгиецот во првиот сет водеше со 5:3 и при 5:4 имаше 30:0 на свој сервис. Откако не го искористи понуденото, некогаш 19. светски тенисер се распадна и сега Шкотот го очекува дуел со 15. носител и секогаш непредвидливиот Французин Гаил Монфилс.

Во осминафиналето влегоа и Николај Давиденко и Давид Налбандијан, кој Томи Робредо го остави на три гема 6:3, 6:0, со што ја запиша десетата едноподруго победа.

Резултати:



Надал (1) - Вавринка 7:6, 6:3, Андерсон - Квери (16) 7:6, 4:6, 6:4, Колшрајбер - Троицки 6:4, 3:6, 6:0, Ли - Матју 3:6, 7:6, 7:6, Мари - Малиш 7:5, 6:2, Монфилс - Де Бакер 7:5, 6:3, Налбандијан - Робредо 6:3, 6:0, Долгополов - Јужни (12) 1:6, 7:6, 7:5, Лодра - Алмагро (14) 7:6, 6:2, Давиденко (6) - Фонини 7:5, 6:1, Чарди - Вердаско (9) 6:7, 7:6, 6:2, Ханеску - Полански 6:4, 7:6, Ѓоковиќ (2) - Бенето 7:5, 7:5.


#
Статијата е прочитана 272 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Реми во генералката пред Словачка
Пливачките костими се минато
Џер��рд ги спаси Англичаните од бламирање
Ласло Чех личност на денот
Македонија со двајца на СП во Москва
Британците славеа и против БиХ