Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Спорт

Џерард ги спаси Англичаните од бламирање

На „Вембли“, англиските навивачи на мечот Англија - Унгарија веќе на самиот старт нервозно ги поздравија своите избраници затоа што видоа само четири измени во тимот. Сепак, добрата партија домаќинот ја најави со голот на Руни во 3. минута, кој беше поништен поради офсајд.

До полувремето шанси пропуштија Фил Јагијелка, Џонсон и Џерард, меѓутоа Унгарците се одбранија. Работите тргнаа на уште полошо кога во 62. минута Јагијелка постигна автогол. Сепак, Англија дојде до пресврт благодарение на Стивен Џерард. Универзалецот на Ливерпул со два фантастични гола спречи нова бламажа пред својата публика.

Еден ден по неуспешното деби на Чезаре Прандели за Италија, истата судбина стигна уште еден реновиран европски великан.

Французите по дебаклот во Ј��жна Африка ги презема Лорен Блан, но ниту тоа што во тимот немаше ниту еден фудбалер од Светското првенство не ги спаси „триколорите“ од пораз против Норвешка - 2:1.

На бившите европски и светски прваци надеж им влеа момчето кое веќе некое време е голема надеж на францускиот фудбал. Хатем Бен Арфа мина само 60-секунди на теренот во второто полувреме и го постигна водечкиот гол. Сепак, тоа не беше доволно затоа што по двата гола Ерик Хусеклеп, напаѓач на Бран, Норвешка доби нов херој кој направи пресврт.

Данска и Германија одиграа 2:2, иако „панцирите“ имаа водство од 2:0 на 15 минути пред крајот. Стрелци за Германците беа Гомез и Хелмс, а за Данците Ромедал и Јункер.

Шведска лесно ја совлада Шкотска со 3:0. Скандинавците беа посилни за услугите на Златан Ибрахимовиќ кој ја прекина репрезентативната пензија, а како награда ја доби капитенската лента. Токму тој во 4 минута ја доведе Шведска во водство, а предноста до крајот на полувремето ја зголеми Бајрами. Конечниот резултат го постигна Тоивонинен.

Светскиот вицешампион, репрезентацијата на Холандија во потполно променет состав одигра 1:1 против Украина. Најџел де Јонг беше единствен фудбалер во стартната постава на „лалињата“ од финалниот меч со Шпанија.

Актуелниот светски првак Шпанија имаше идентичен резултат против Мексико. „Фуријата“ мораше да брка резултат поради брзиот гол на сјајниот Хавиер „Чичарита“ Ернандез. Израмни новата аквизиција на Манчестер сити Давид Силва во 90. минута.

Новиот селектор на Русија, Дик Адвокат дебитираше со победа од 1:0 против Бугарија, а единствениот гол го постигна Ширков во 6. минута.

Резултати на пријателските средби:

САД - Бразил 0:2, Јужна Кореја - Нигерија 2:1, Тајланд - Сингапур 1:0, Кина - Бахреин 1:1, Казахстан - Оман 3:1, Литванија - Белорусија 0:2, Русија - Бугарија 1:0, Србија - Грција 0:1, Ерменија - Иран 1:3, Азербејџан - Кувајт 1:1, Финска - Белгија 1:0, Молдавија - Грузија 0:0, Кипар - Андора 1:0, Шведска - Шкотска 3:0, Украина - Холандија 1:1, Австрија - Швајцарија 0:1, Данска - Германија 2:2, Црна Гора - С. Ирска 2:0, Полска - Камерун 0:3, Словачка - Хрватска 1:1, Ирска - Аргентина 0:1, Англија - Унгарија 2:1, Словенија - Австралија 2:0, Велс - Луксембург 5:1, Норвешка - Франција 2:1, Мексико - Шпанија 1:1, Бих - Катар 1:1, Италија - БСК 0:1.


#
Статијата е прочитана 698 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Реми во генералката пред Словачка
Пливачките костими се минато
Ласло Чех личност на денот
Македонија со двајца на СП во Москва
Главните ѕвезди во осминафиналето во Торонто
Британците славеа и против БиХ