Број 3357  петок, 13 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Спорт

Пливачките костими се минато

И по третиот ден на Европското првенство во пливање што се одржува во Будимпешта, Унгарија, кое ќе трае до 15 август, на пливачките лаици им е јасно дека светските рекорди нема да никнуваат како печурки по дожд. На пливачите им е укината привилегијата да користат космички полиуретански костими кои ја подобруваа брзината и резултатите до максимум.

Нема повеќе симулација на кожа на ајкули, нема софистицирани материјали кои ги користи НАСА во креирањето на опремата за космички истражувања, реши врвната светска пливачка организација ФИНА.

Сега останаа само голета техника и силата на пливачите. Нивната способност и знаење, и враќање на вистинските вредности, кои, според многумина, досега им даваа предност на пливачите од богатите и развиените земји. Надлежните во ФИНА и во ЛЕН не се загрижени дека наглата „депресија“ ќе го намали интересот за пливачките натпреварувања на кои речиси секој финален старт беше и можност за корекција на најдобрите светски времиња.

„Рекорди ќе паѓаат и натаму, пливачите и тренерите ќе се приспособуваат на новите околности. Ова што е постигнато во последните неколку години нема да остане запишано за сите времиња“, резонира Корнел Маркулеску, извршен директор на ФИНА.

По донесувањето на одлуката за забрана на костимите, се зборуваше и за поништување на резултатите постигнати со помош на технологијата.

„Не, не најдовме легална основа за тоа“, додаде Маркулеску.

Меѓутоа, желбите се едно, а фактите зборуваат поинаку. Апсолутно сите важечки светски рекорди се постигнати во последните две години, како оние во олимписките така и во малите базени, како кај пливачите, така и кај пливачките, во 2010 година од забраната на „вонземјанините“ не е соборен ниту еден светски рекорд.

Исклучок во 82 постојни дисциплини се светските рекорди на Грант Хакет на 1.500 метри во двете големини на базенот, кои се поставени во 2001 година, но тоа е исклучок кој го потврдува правилото дека на најдолгата патека не се родил таков генијалец. Сметката е прилично симптоматична - два рекорда се од 2001 година, десет од 2008 година, а дури 70 од најдобрата „берба“ во 2009 година. Вкупно 43 се постигнати на последното Светско првенство во Рим кое директорот на репрезентацијата на САД го нарече - пластични средби.

Во Будимпешта, која беше и прв домаќин на ЕП во 1926 година, ќе паѓаат рекорди, тврди и Нори Кручте, претседателот на ЛЕН, но реалноста е сосема поинаква.

Потполно е јасно дека костимите значително ги подобруваа резултатите. Тоа се виде и на првенството на САД и сега во Будимпешта. На стотките резултатите во просек се послаби за 1,2 секунди, на 200 околу 2,5. Паул Бидерман на 400 метри доцнеше повеќе од четири секунди. И штафетите се значително побавни. Сосема е сигурно дека резултатите од 2009 година нема така лесно и брзо да се постигнуваат.

Некои рекорди повремено и ќе се соборуваат, но сигурно веќе нема да се повтори случајот од СП во Рим кога златната штафета на САД исплива светски рекорд на 4Х100 мешано. А, тоа го направија во истата трка и второпласираните Германци, бронзените Австралијци и четвртопласираните Бразилци. Тие времиња се минато. (Ф.Ш.)


#
Статијата е прочитана 1599 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Спорт
Реми во генералката пред Словачка
Џерард ги спаси Англичаните од бламирање
Ласло Чех личност на денот
Македонија со двајца на СП во Москва
Главните ѕвезди во осминафиналето во Торонто
Британците славеа и против БиХ