Ласло Чех личност на денот
Третиот ден на натпреварите на Европското првенство во пливање во Будимпешта го обележа домашниот натпреварувач Ласло Чех. Тој го освои златниот медал во дисциплината 200 метри мешано со време од 1:57:73 минути што е нов рекорд на првенствата.
Второто место, со заостанување од 30 стотинки, го освои Австриецот Маркус Роган, додека до бронзата доплива Џо Ребак од Велика Британија.
На истата патека, но во слободен стил, титулата европски првак ја освои Германецот Паул Бидерман, кој до триумфот стигна со време од 1:46:06 минути, пред Никита Лобронцев од Русија и Холанѓанецот Себастијан Вершурен.
Во трката на 1.500 метри победи францускиот пливач Себастијан Руо, кој заврши со време од 14:55:17 минути. Сребрениот медал го освои Пал Јоансен од Фарските острови, додека третото место му припадна на Италијанецот Самјуел Пицети.
Во женска конкуренција на програмата беа две финални трки. Британката Франческа Холсол освои злато на 100 метри слободно со време од 53:58 секунди, пред Белорусинката Александра Херасименија и Холанѓанката Фемке Хемскерк.
Јулија Ефимова од Русија триумфираше на истата патека градно со време од 1:06:32 минути, што е нов рекорд на шампионатите. Покрај не на победничкиот пиедестал се искачија и Данката Мелер Рике Педерсен и Џин Јохансон од Шведска, кои патеката ја испливаа во исто време и обете освоија сребрен медал. |