Британците славеа и против БиХ
Четвртиот круг од квалификациите за ЕП 2011 во Литванија го одбележа дерби дуелот во Сараево во кој селекцијата на БиХ ја дочека Велика Британија.
Додека нашата селекција беше слободна, Босанците се обидуваа да стигнат до победа против непобедливите Британци и, колку- толку, да го исправат киксот од пред неколку дена кога беа поразени од Унгарија.
На крај, сепак, славеа Британците со 84:80 и сега имаат скор, три од три.
Кларк со 23 поени беше најефикасен кај гостите, два поена помалку имаше Ренкинг, а Денг застана на 16. Ранко Варда со 20 коша беше прв стрелец кај Бих.
Претходно во првиот натпревар од нашата група, Украина ја совлада Унгарија со 80:71, што е нејзин прв триумф во три одиграни меча. |