Потврдена рецесија во еврозоната
Брисел - Статистичката служба на ЕУ - Евростат потврди дека економиите во 15 членки на ЕУ кои користат евро ослабеле за 0,2 отсто во период од три месеци, јули - септември оваа година, споредено со претходниот квартал. Евростат ја ревидираше и процената за растот во третиот квартал во однос на истото тримесечје лани - на 0,6 наместо 0,7 отсто. Показателите за економиите во еврозоната во третиот квартал се послаби од оние за САД и за Јапонија. (МИА)
|