„Форд“ и „Крајслер“ бараат уште поголем заем за спас
Вашингтон - На американските произведувачи на автомобили длабоко навлезени во финансиски проблеми, и по шестчасовни разговори, не им успеа да постигнат договор во Сенатот околу планот за спас. Извршните директори на „Форд“, „Џенерал моторс“ и на „Крајслер“ имаа долг и стресен ден, барајќи заем од 34 милијарди долари, за што сенаторите останаа скептични. Претходно тие бараа 25 милијарди, но раководството на „Крајслер“ вели дека новиот ревидиран план е реален и еколошки, навистина робустен, но неопходен. (МИА) |